„Татко ми одамна продолжи понатаму“ - Ќеркa ја фотографира мајка си (61) во бикини за да си најде дечко, 10 години по разводот
- Детали
- среда, 30 јули 2025
„Тој беше неверојатен и апсолутно прекрасен - сè до мигот кога престана да биде таков. По разводот, го изгубив чувството за себе. Не знаев која сум. Ми требаа години да се пронајдам повторно“, вели искрено Хајди (61) од Лос Анџелес, мајка на 3 деца, која е подготвена повторно да пронајде љубов.

Хајди (61) е разведена мајка од Лос Анџелес, која повторно бара љубов.
Пред повеќе од една деценија таа се разделила со сопругот по 23 години брак, кој, како што вели за магазинот People, бил „неверојатен и апсолутно прекрасен - сè до мигот кога повеќе престанал да биде таков“.

Во текот на бракот Хајди многу балансирала и на прво место го ставала растењето на нејзините три деца.
„Го изгубив чувството за себе. Не знаев која сум. Ми требаа години да се пронајдам повторно“, вели таа.

Таа вели дека закрепнувањето по разводот не било лесно, дека на моменти била во режим на преживување, но сега се чувствува добро.
„Работејќи на себе и на мојата сила, денес знам која сум и имам фантастичен живот во секој аспект“, вели таа и открива дека новооткриената самодоверба ја натерала да направи нешто надвор од нејзината зона на комфор, односно да направи фотосесија во костим за капење за фотографиите да ги прикачи на онлајн страница за запознавање.
Во почетокот на јули, најмладата ќерка на Хајди, Луна (24), балерина и инфлуенсерка, на ТикТок објави видео каде нејзината мајка позира во бикини на плажа во Португалија.

Луна го објави видеото со натпис: „По повеќе од 10 години од разводот, ѝ помагаме на нашата мама да ја направи новата насловна фотографија за Match.com“ и додава: „Има ли некој висок згоден татко за неа?!“

Луна за мајка си вели:
„Тешко е да ја гледаш како не е среќна со себе.
И особено во моменти кога знам дека можеби се чувствува несигурна за своето тело, сакам да се чувствува како што ние ја гледаме – буквално прекрасна!“
