Го уби својот брат и не одговараше - Бившиот крал на Шпанија по 69 години молк проговори за трагедијата од детството

„Немавме поим дека има оставен куршум во цевката. Беше испукан истрел во воздух, куршумот со рикошет се врати назад и го погоди мојот брат право во челото. Тој почина во рацете на татко ми“ - вели поранешниот монарх, откако неговиот брат почина под сомнителни околности, а не беше покрената истрага за убиството.

go-ubi-svojot-brat-i-ne-odgovarashe-bivshiot-kral-na-shpanija-po-69-godini-molk-progovori-za-tragedijata-od-detstvoto-01.jpg

Во 1956 година 14-годишниот принц Алфонсо од Шпанија беше пронајден мртов, а кралското семејство издаде само кратко соопштение за неговата смрт.

Не беше покрената никаква истрага, а неговиот постар брат Хуан Карлос (87) продолжи со својот живот како ништо да не се случило.

go-ubi-svojot-brat-i-ne-odgovarashe-bivshiot-kral-na-shpanija-po-69-godini-molk-progovori-za-tragedijata-od-detstvoto-02.jpg

Но по 69 години, поранешниот крал на Шпанија го прекина молчењето и ја сподели својата приказна во мемоарите „Помирување“.

Таму на 500 страници, во соработка со францускиот автор Лоренс Дебре, го опишува својот живот, интересните приказни, но и проблематични детали.

Сето ова го направи по бегството во Обединетите Арапски Емирати, откако против него беше покрената истрага за корупција.

go-ubi-svojot-brat-i-ne-odgovarashe-bivshiot-kral-na-shpanija-po-69-godini-molk-progovori-za-tragedijata-od-detstvoto-10.jpg

Поранешниот крал Хуан Карлос отсекогаш бил контроверзна личност, долго пред неговите бројни љубовници да почнат да се појавуваат во јавноста со детали за аферите со него, или пред да почне да се зборува за милионите евра што завршиле на неговите сметки, нелегално.

Хуан Карлос првпат го привлече вниманието на европската јавност кога го уби својот помлад брат.

Откако го застрелал во чело својот брат, принцот Алфонсо, на 29 март 1956 година, Хуан Карлос никогаш не го споменал настанот.

go-ubi-svojot-brat-i-ne-odgovarashe-bivshiot-kral-na-shpanija-po-69-godini-molk-progovori-za-tragedijata-od-detstvoto-05.jpgПринцот Алфонсо

Во тоа време, Хуан Карлос имал 18, а Алфонсо 14 години. Во мемоарите тој вели дека „никогаш нема да се опорави од таа трагедија“ и дека „нејзината тежина ќе го следи засекогаш“.

Тој се сеќава дека, додека бил кадет на Општата воена академија, ја посетил семејната резиденција во Есторил, Португалија.

Со неговиот помлад брат си играле со пиштол што му го дал еден поручник. Рамката на пиштолот била отстранета, па затоа Хуан Карлос мислел дека нема некаква опасност.

„Немавме поим дека има оставен куршум во цевката. Беше испукан истрел во воздух, куршумот со рикошет се врати назад и го погоди мојот брат право во челото. Тој почина во рацете на татко ми“.

go-ubi-svojot-brat-i-ne-odgovarashe-bivshiot-kral-na-shpanija-po-69-godini-molk-progovori-za-tragedijata-od-detstvoto-08.jpg

Хуан Карлос вели дека смртта на неговиот брат е моментот кој му го дели животот на „пред и потоа“, а по трагедијата тој станал несреќен.

„Ми недостига. Би сакал да биде покрај мене, да можам да разговарам со него. Изгубив пријател, личност од доверба.

Остави огромна празнина. Без неговата смрт, мојот живот ќе беше помалку мрачен, помалку несреќен“, пишува поранешниот крал.

Пред да се појават мемоарите, познато беше само дека Алфонсо, синот на принцот Хуан, гроф од Барселона, починал во Португалија кон крајот на март 1956 година.

go-ubi-svojot-brat-i-ne-odgovarashe-bivshiot-kral-na-shpanija-po-69-godini-molk-progovori-za-tragedijata-od-detstvoto-04.jpg

По ова, шпанската амбасада во Португалија издаде кратко соопштение на 29 март:

„Додека Неговото кралско височество, принцот Алфонсо, го чистеше својот револвер претходната вечер со својот брат, беше застрелан во челото со куршум, кој го уби за неколку минути“.

Несреќата се случила во 20:30 часот, откако принцот се вратил од богослужба каде примал причест.

Мајката на Хуан Карлос, принцезата Марија де лас Мерцедес, раскажала дека го слушнала својот постар син како се симнува по скалите пред да му каже на својот татко што се случило.

Хуан де Бурбон, таткото на принцовите, го покрил телото на својот помлад син со шпанското знаме, а подоцна го фрлил пиштолот во морето.

go-ubi-svojot-brat-i-ne-odgovarashe-bivshiot-kral-na-shpanija-po-69-godini-molk-progovori-za-tragedijata-od-detstvoto-03.jpg

Кога дознал за трагедијата, таткото, наводно, го зграпчил својот постар син за врат и извикал: „Заколни се дека не го направи тоа намерно!“.

Никогаш потоа не е спроведена истрага за околностите на смртта на младиот принц.

Само четири дена по смртта на Алфонсо, Хуан Карлос се вратил во Шпанија, каде што генералот Франко го подготвувал за свој наследник.

Бидејќи принцовите си играле сами во собата, отсекогаш било нејасно како бил убиен Алфонсо, иако сите го обвинуваат Хуан Карлос за тоа.

go-ubi-svojot-brat-i-ne-odgovarashe-bivshiot-kral-na-shpanija-po-69-godini-molk-progovori-za-tragedijata-od-detstvoto-11.jpg

Кројачката на принцезата Марија во тоа време изјавила дека Хуан Карлос го вперил пиштолот кон Алфонсо и пукал, не знаејќи дека е наполнет.

Други, пак, го тврдат она што Хуан Карлос сега го опишува во книгата: дека куршумот се одбил од таванот (или некој предмет) и се вратил назад.

Постои и трета верзија на приказната - дека се отворила вратата од собата и го удрила Хуан Карлос во раката, предизвикувајќи го да пука инстинктивно, односно ненамерно.

go-ubi-svojot-brat-i-ne-odgovarashe-bivshiot-kral-na-shpanija-po-69-godini-molk-progovori-za-tragedijata-od-detstvoto-07_copy.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто бившиот сопруг сè уште ја посетува Андреа Јејтс, 25 години откако таа ги удави нивните 5 деца ... На 20 јуни 2001 година, домаќинката Андреа повикала полиција и признала пред пол...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Се вљубив во воин од племе во Кенија – ги оставив сопругот и децата за него, но направив огромна гр... Додека била на одмор во Кенија, жена од Англија се вљубила во воин од племето Ма...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...

Најчитани неделава