Жена не се смее речиси 50 години за да нема брчки: „Не се насмеав на мојата свадба, ниту кога ми се роди ќерка“
Тес ја добила чудната идеја додека учела во католичко училиште. По некое време, сфатила дека ѝ годи ако не се смее.
„Несреќните калуѓерки таму не сакаа кога се смеевме. Постојано ми велеа да си ја тргнам насмевката од лице…
По некое време сфатив дека овој израз ми годи. Кога се смеев образите ми изгледаа чудно“.
Па, Тес си дала за цел да научи да воспостави целосна контрола над нејзините изрази на лицето.
„Кога ќе слушнев нешто смешно или бев во искушение да се насмеам – што се случуваше секојдневно – научив да ги контролирам мускулите на лицето така што не ги движев воопшто.
Моите пријатели знаеја дека сум забавна личност, па ова не им пречеше“.
Во 1990 година, Тес го запознала нејзиниот поранешен сопруг со кој добила и ќерка, а вели дека тој ја разбирал уште кога ја почнале врската.
„Никогаш не му пречеше тоа што не се смеев бидејќи јас сум добро друштво. Ако поминете еден ден со мене, нема ни да забележите дека не се смеам.
Кога ја добив ќерка ми бев пресреќна, но сепак не се насмеав. Дотогаш веќе сериозниот израз ми беше најприродно нешто“.
Тес вели дека не се насмевнала ни на нејзината свадба.
Како што ѝ наближувал 40-тиот роденден, Тес забележала дека нејзините пријателки веќе имале брчки околу устата од смеење. Но, нејзиното лице било мазно.
„Тогаш сфатив дека навистина изгледам помладо бидејќи не се смеам“.
Денес таа се држи настрана од јавност, но како што споделува Daily Mail, уште одбива да се смее.
За жал, нема нова фотка од неа бидејќи нејзиниот Инстаграм профил е затворен за јавноста. Но, има слика од пред две-три години на кои навистина делува младолико за својата возраст.
Спирова С. | Црнобело