Жена не се смее речиси 50 години за да нема брчки: „Не се насмеав на мојата свадба, ниту кога ми се роди ќерка“
- Детали
- среда, 01 април 2026
„Немам брчки бидејќи се истренирав да ги контролирам мускулите на лицето. Сите мислат дека користам ботокс, но никогаш не сум ставила“, изјави Британката Тес пред неколку години во интервју. Денес таа има 60 години и уште одбивала да се смее.

Како што ни минуваат годините, повеќето од нас, особено жените, бараат начин да ја спречат или барем забават појавата на брчки.
Продуктите за убавина и подмладување се попопуларни од кога било, а овде се и бројните третмани со ботокс и слични супстанции кои го измазнуваат лицето.
Додека сето ова веќе станува норма, жена од Англија решила да оди чекор понатаму.
Тес Кристијан, која денес има 60 години, не се насмеала речиси пет децении за да не ѝ се направеле брчки.
Тес првпат се прослави во родната Англија пред десетина години, кога во интервју за Daily Mail зборуваше за својот чуден метод за „подмладување“.
Како што откри самата, таа одбива дури и да се насмевне, а веројатно ова ѝ оди во прилог бидејќи во 50-тите години од животот навистина изгледала младолико.
„Немам брчки бидејќи се истренирав да ги контролирам мускулите на лицето. Сите мислат дека користам ботокс, но никогаш не сум ставила.
Знам дека мојот младешки изглед е поради тоа што се немам насмеано уште од тинејџерските години. Посветеноста ми се исплати бидејќи немам ниту една брчка на лицето.
Сакам да останам младолика. Мојата стратегија е поприродна од ботокс и поефикасна од кој било скап крем за подмладување“.
Можеби за нас животот без смеа е незамислив, но Тес вели дека е далеку од мизерна.
„Јас го сакам животот. Само сметам дека не мора да го покажувам тоа со гримаси“.