Се онесвестуваат, плачат: Тајландската лотарија за служење војска стана вирална (видео)

Во Тајланд секоја година се одржува лотарија за служење војска. Мажите на возраст од 21 година влечат картички во две бои – црна која ги ослободува од војска и црвена која значи дека ќе треба да служат две години. Нивните хистерични реакции од годинашната лотарија веќе се споделуваат вирално, а некои го споредуваат настанот со The Hunger Games.

se-onesvestuvaat-plachat-tajlandskata-lotarija-za-sluzhenje-vojska-stana-viralna-video01.jpg

Ако имате навика да гледате видеа на Инстаграм и ТикТок, можеби сте налетале на видеа од тајландската лотарија за служење војска.

Видеата почнаа да се споделуваат вирално поради реакциите на младите мажи – оние кои треба да служат војска плачат, па и се онесвестуваат, а оние кои „се спасиле“ неретко скокаат од радост.

Во Тајланд, мажите кои имаат 21 година треба да волонтираат да служат војска. Оние кои нема да се пријават своеволно мора да учествуваат во лотаријата која се одржува во април.

Мажите кои учествуваат во лотаријата се собрани во огромна просторија и еден по еден влечат картички – црна или црвена.

Ако извлечат црна, тоа значи дека не мора да служат воен рок, но ако извлечат црвена, тогаш ќе треба да отслужат две години.

Реакциите на мажите се во најмала рака хистерични, а некои веќе ја споредуваат лотаријата со серијалот The Hunger Games.

За новинската агенција AFP, се огласил 21-годишен маж кој работел како продавач во маркет и годинава учествувал волотаријата:

„Што и да изберам е во ред. Ѝ оставам сè на судбината. Не е многу тешко бидејќи воениот рок е само две години“.

Подоцна мажот извлекол црвена картичка, па наредните две години ќе треба да оди во војска.

Неговата мајка, пак, истакнува дека за секој маж во Тајланд било голема почест да служи војска.

Сите мажи кои се во добра здравствена состојба се очекува да се пријават на лотаријата. Доколку некој проба да се скрие, може да добие и до три години зад решетки.

Но, некои пробуваат да го измамат системот. Пред да се пријават во лотаријата, мажите прават неколку тестови за нивната физичка и здравствена состојба и треба да имаат висина од најмалку 160 сантиметри, но и здрава тежина.

Според Independent, изминативе неколку години млади мажи кои ги исполнувале условите намерно се здебелувале со надеж дека нема да мора да служат војска.

Оние кои ќе служат воен рок ќе добиваат плата од околу 290 евра – сума малку повисока од минималната плата во Тајланд.

Покрај тоа, ќе им биде овозможено сместување, храна и здравствени услуги.

Иако некои Тајланѓанци сметаат дека воениот рок е почест, некои луѓе се противат на лотаријата и сметаат дека двете години во војска можат да имаат лошо влијание врз кариерата на младите мажи.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
„Се вљубив во воин од племе во Кенија – ги оставив сопругот и децата за него, но направив огромна гр... Додека била на одмор во Кенија, жена од Англија се вљубила во воин од племето Ма...
„Сакај повторно“ - Дечко ѝ оставил потресно писмо на саканата откако се самоубил - со години му била... „Кога првпат го прочитав писмото, си помислив: ‘Што по ѓаволите е ова?’. На поче...

Најчитани неделава