„Пораснав на улица со мајка зависник, татко коцкар - сега имам милиони, уживам во луксуз и се фалам со него“
Бил оженет 37-годишен маж со свое семејство, а неговиот најстар син дури одел во истото училиште како мајката на Емили.
Кога вистината излегла на виделина, мајка ѝ ја прекинала врската.
Емили со татко ѝ се сретнала дури кога имала 19 години, и во следните дваесет години се виделе само пет пати.

„Беше многу постар маж кој ги сакал жените... беше коцкар и изгубил сè.
Секогаш си го оправдуваше отсуството. Велеше: ‘Секогаш знаев дека си безбедна’. Но, не можеше да знае - затоа што најчесто не бев безбедна“.

Години подоцна, кога бил во дом за стари лица, Емили била таа што се грижела за него, носејќи му цигари и грицки.
„Дефинитивно го гледав повеќе кога не знаеше која сум, отколку кога знаеше“.

На 16 години, Емили избегала од „насилна, алкохоличарка“ баба, спиејќи кај пријателка сè додека не сфатила дека таа ѝ ги краде малкуте работи.
Очajна и сама на улица, зависела од добрината на непознат човек.
„Морав да прашам непознат човек дали има и може да ми помогне каде да преспијам“.

Подоцна се преселила во засолниште за жени, а на 18 години се преселила во Лондон.
„Моите пријатели беа поврзани со банда. Веројатно не беше тоа најдоброто друштво.
Но, секогаш бев цврсто решена дека тоа не е патот по кој ќе одам. Секогаш велев: моето тело е мој храм. Нема да пијам, нема да правам работи што ги правите вие.
Од 15 години до средината на дваесеттите, сите мои пријатели беа многу постари. Имав ‘стар ум’“.

Со години живеела на работ на сиромаштија, како самохрана мајка на три деца во социјален стан.
„Живеев во минус на сметка.
Јадев бисквити и пиев чај... Им велев на децата дека веќе сум јадела за да можат тие да јадат...“
