Детето ѝ се удави во базен, по една година повторно е бремена: Што се случи со инфлуенсерката Емили Кисер?
- Детали
- сабота, 11 јули 2026
Една година откако тригодишниот син на инфлуенсерката Емили Кисер се удави во нивниот базен, таа сподели дека со сопругот повторно очекуваат дете. Но, Емили вели дека по трагедијата, најважна ѝ е приватноста на нејзиното семејство, па планира да не открива многу детали.

Емили Кисер е една од најпознатите инфлуенсерки во светот, со повеќе од 2 милиони следбеници на Инстаграм, како и повеќе од пет милиони следбеници на ТикТок.
Се прослави благодарение на совршените објави од нејзиното секојдневие, а споделува и совети за мода и убавина.
Од 2019-та, 27-годишната инфлуенсерка е во брак со Брејди Кисер со кого доби две деца.
Но, едното од нив трагично го изгуби животот.
Во 2021 година, Емили и Брејди го добија првиот син, Триг. Потоа во 2025 година, добија уште еден син – Теодор.
Емили редовно споделуваше фотки од семејната идила, но среќата на парот не траеше долго.
Во мај 2025-та, само два-три месеци откако го добија второто дете, тригодишниот син на парот се удавил во нивниот базен.
Цели три месеци Емили молчеше за трагедијата, а потоа откри дека таа не била дома, туку сопругот внимавал на децата.
Инфлуенсерката сподели дека детето само излегло во дворот каде што е базенот за да си игра.
Според изјавите на Брејди, детето било оставено само на неколку минути, додека тој се грижел за новороденчето.
Исто така, сподели дека околу базенот имаат заштитна ограда која сега била тргната.
Но, по само миг невнимателност, детето паднало во базенот, а кога Брејди го извлекол, детето уште било живо, но починало во болница по шест дена.
Тогаш полицијата сподели друга верзија на приказната – според нив, Брејди гледал спортски натпревар за кој се имал обложено кога се случила трагедијата.
Потоа полицијата сподели и дека имале видео докази дека детето било во дворот без никаков надзор повеќе од девет минути, од кои седум било во водата.
Најпрво беше предложено Брејди да биде обвинет, но на крај беше соопштено дека нема да се соочи со обвинение.
На судењето, пак, Емили сподели дека е загрижена за информациите од трагедијата што ќе се протечат во јавност.