Дете на инфлуенсерка се удави во базен – таткото гледал кошарка додека го чувал: Детали за трагедијата што го потресе светот
- Детали
- понеделник, 01 септември 2025
Три месеци по трагичната смрт на нејзиниот 3-годишен син, инфлуенсерката Емили Кисер се огласи за трагедијата изјавувајќи дека нејзиното дете би било живо ако ставеле ограда на базенот во дворот. Детето се удави во мај, откако татко му го тргнал погледот од него на само пет минути, за што се соочува со критики.

Емили Кисер е инфлуенсерка со над 1,8 милиони следбеници позната по објавите од нејзиното секојдневие.
Таа и сопругот го добиле првото дете пред три години, а добија и второ пред неколку месеци, па мајчинството беше една од главните теми на нејзиниот профил.
Но, во мај годинава, Емили и сопругот Брејди се соочија со трагедија – 3-годишното синче се удавило во нивниот базен.
За смртта на синчето, Емили се огласи дури сега, три месеци подоцна.
Детали за трагедијата што го потресе светот:
На 12-ти мај, сопругот на Емили, Брејди повикал брза помош во нивниот дом во Аризона. Кога пристигнале, болничарите го затекнале Брејди со неговиот 3-годишен син кој бил без свест.
Детето паднало во базенот и Брејди успеал да го извлече и се надевал дека го спасил бидејќи детето уште покажувало знаци на живот.
Со брза помош, детето веднаш било пренесено во болница, но веќе било во критична состојба.
Според изјавата на Брејди, сопругата Емили не била дома, па тој се грижел за нивните две деца.
3-годишниот син, Триг, јадел, па излегол во дворот каде што е базенот за да си игра.
Според Брејди, не било невообичаено синчето да си игра покрај базенот бидејќи секогаш имале заштитна ограда околу него.
Но, не и овој пат.
Брејди изјавил дека го оставил Триг сам на само пет минути, бидејќи требало да се погрижи за новороденчето.
Штом забележал дека детето е во базенот, веднаш скокнал внатре, го извлекол и повикал брза помош.
Сепак, надлежните споделија и друг детаљ – Брејди следел и кошаркарски натпревар во домот, за кој се имал и обложено.
На 18-ти мај, надлежните соопштија дека по шест дена во болница, 3-годишниот Триг починал.
Во меѓувреме почнала истрага за околностите на трагедијата, а надлежните ги побарале снимките од безбедносните камери во дворот.