Фудбалерот Нејмар чека петто дете со жената на својот живот - која ја изневери 92 пати и ѝ направи дете на друга додека таа беше бремена
- Детали
- среда, 17 јуни 2026
И додека таа на својот Инстаграм профил го покажува раскошниот животен стил и семејната идила со Нејмар, реалноста е дека тој постојано ја изневерува, а на извесен период и се разделија откако тој ѝ направил бебе на друга жена додека Бруна била веќе бремена од него. Скандалите на бразилскиот фудбалер не стивнуваат, но парот го чека 3-тото дете заедно, кое е 5-то на Нејмар.

Бразилскиот фудбалер Нејмар и неговата партнерка Бруна Бјанкарди го привлекоа вниманието на јавноста откако споделија видео со кое открија нови среќни вести од нивниот приватен живот.

Во видеото што го објавија се гледа семејна атмосфера во дворот, а во еден момент станува јасно дека парот очекува дете - уште едно девојче.

Бруна во описот на објавата кратко порача дека имаат „Нови вести“, додека самото видео предизвика лавина од реакции.
Видеото од откривање на веста за 5-тото дете:
Подолгата верзија:
Инаку, Бруна има 15 милиони следбеници на Инстаграм, а Нејмар 235 милиони.
Нејмар веќе има повеќе деца од различни врски, а со Бруна претходно доби две ќерки, па ова ќе му биде трето заедничко дете со неа.

Тој е еден од најпознатите фудбалери на денешницата, но и од најскандалозните.
Врската на Нејмар и Бруна веќе подолго време е предмет на разни гласини.
