Фудбалерот Нејмар чека петто дете со жената на својот живот - која ја изневери 92 пати и ѝ направи дете на друга додека таа беше бремена
Странските медиуми постојано пишуваат за нивната турбулентна врска и даваат дури и конкретна бројка дека Нејмар ја изневерил Бруна дури 92 пати.

Оваа конкретна бројка потекнува од бразилски таблоид, но најверојатно е само симболична и покажува дека неверствата на фудбалерот му се редовна практика.

Инаку, Нејмар и Бруна имаа многу скандали кога таа беше бремена со нивната ќерка Мави во 2023 година. Во тој период имаше навистина јавни скандали за неверство, а Нејмар дури и јавно ѝ се извини.

Подоцна, во јули 2024 година, Нејмар доби ќерка по име Хелена со моделот Аманда Кимберли. Детето е зачнато додека тој и Бруна биле во врска, што беше една од причините за нивна разделба потоа.

Но, и покрај сето тоа, Бруна и Нејмар повторно се смирија, добија уште едно дете заедно во 2025 година, а сега објавија дека очекуваат и трето заедничко дете.

Додека неговиот приватен живот повторно е во фокусот на јавноста, Нејмар моментално е на страна од терените поради повреда и се наоѓа во фаза на закрепнување, а неговото враќање со нетрпение се очекува.
