„Ќерка ми загина неколку дена пред 3-иот роденден, врз неа падна комода од 30kg – родители бидете повнимателни“
- Детали
- вторник, 19 мај 2026
„Се случи многу брзо и многу тивко. Вината и срамот ме обземаат бидејќи знаеме дека ако ја прицврстевме комодата за ѕидот, нашето малечко уште ќе беше овде“, споделува ужалена млада мајка чија 2-годишна загинала откако врз неа паднала комода која тежела над 30 килограми. Таа ја раскажува својата приказна со надеж дека ќе ги натера родителите подобро да го обезбедат домот додека нивните деца се мали.

Секој родител знае дека додека неговото дете е мало, треба „да отвори четири очи“.
Малите деца се непредвидливи и љубопитни, а бидејќи самите не се свесни кога се впуштаат во нешто опасно, задачата на родителите е да ги спречат.
Истовремено, важно е да го направат домот што е можно побезбедно место и однапред да предвидат дали нешто претставува потенцијална опасност за нивните деца.
Секунда невнимание завршила со трагедија за млада мајка од Тексас – нејзината двегодишна ќерка пробала да се качи на комода, која паднала врз неа.
Девојчето, за жал, не преживеало, а ужалената мајка ја сподели нејзината приказна со надеж дека ќе помогне да се спречи друга ваква трагедија.
21-годишната Тарин открива дека нејзината ќерка Хелена загинала само неколку денови пред третиот роденден.
„Се случи многу брзо и многу тивко, а засекогаш ни ги промени животите. Се случи нешто незамисливо.
Вината и срамот ме обземаат бидејќи знам дека ако ги преземевме соодветните мерки и ја прицврстевме комодата, нашето малечко уште ќе беше овде“, споделува Тарин.
Таа вели дека е свесна за својата грешка и никогаш нема да може да си прости, но се надева дека ќе ги поттикне останатите родители да бидат повнимателни.
Тарин не мислела дека комодата претставува закана бидејќи бил голема и тешка, па верувала дека е невозможно ќерка ѝ да ја помрдне, дури и ако пробува да се качи на неа.
„Сакам да ја споделам мојата болка од тоа што ја изгубив ќерка ми од моја грешка, за другите да бидат посвесни дека ваквите трагедии се многу реални.
Доста често се случуваат бидејќи љубопитно детенце сака да се качи некаде. Но, потребна е само секунда за врз него да падне нешто тешко, а последиците да бидат страшни.
Не можам да нагласам доволно колку е важно да го прицврстите секое парче мебел во домот кога имате деца. Ова ќе ви одземе многу малку време, а може да направи огромна разлика.
Ако мојата приказна му помогне и на барем едно семејство да избегне ваква трагедија, тогаш сеќавањето на мојата ќерка ги штити другите“, додава Тарин.
Во коментари, многу луѓе ѝ изразуваат сочувство на Тарин, а споделуваат и нивни совети.
„Многу тажна ситуација. Кога имате мали деца прицврстете го мебелот со шрафови за ѕидот“.
„Ме потсетува на мојата ќерка кога беше на таа возраст… Никој не размислува на вакви работи, а вината што ја носат родителите е огромна“.
„Навистина тажно. И, да, треба другите родители да бидат потсетени. Ако погледнете како се уредени градинките – сите големи полици се прицврстени за ѕидот, шкафчињата се заклучени, штекерите се покриени…
Кога се мали деца во прашање, сè е потенцијална опасност“.
„Многу тажно. Како родители, свесни сме дека несреќите можат да се случат во секој миг бидејќи не сме свесни за опасностите.
Пред јас и сопругот да го посвоиме нашето бебе, пробавме да го заштитиме домот што е можно повеќе – ни го проверуваа и социјални работници. Но, најголем страв ми беше дека дома ќе се случи некоја несреќа бидејќи никогаш не знаете“.
Спирова С. | Црнобело