„Не можам да ги заштитам децата од сè“: Најтешките предизвици на родителите за кои ретко се зборува

„Најтешко ми беше кога децата пораснаа и одеднаш останав во празна куќа и не знаев што да правам“.

ne-mozham-da-gi-zashtitam-decata-od-se-najteshkite-predizvici-na-roditelite-za-koi-retko-se-zboruva-01.jpg

Никој не очекува родителството да биде лесно, но за некои предизвици, луѓето стануваат свесни дури откако ќе станат родители.

Генерално ова се работи за кои иако се зборува ретко, скоро секој родител ќе се соочи со нив.

На Редит, неколку родители ги споделуваат најголемите предизвици со кои се соочиле:

„Не очекував дека постојано ќе имам чувство на вина без никаква причина. Притисокот што си го создаваме самите за да исполниме некои стандарди што ги гледаме онлајн е заморен.

Ќе чувствувате вина бидејќи работите и не сте со децата, а потоа ќе чувствувате вина бидејќи сте дома и не работите.

Ќе чувствувате вина бидејќи ќе му направите на детето нешто набрзина за јадење за да имате повеќе време за себе, а потоа ќе чувствувате вина ако не одвојувате време за себе. Има премногу вина“.

„Најголем предизвик ми е да направам сите деца да чувствуваат дека се сакани и ценети подеднакво, особено бидејќи се на различна возраст и имаат многу различни карактери“.

„Во тинејџерските години, децата знаат да кажат работи што повредуваат. Тешко е кога треба да ги игнорирате нивните зборови и да се потсетите дека не ги мислат“.

ne-mozham-da-gi-zashtitam-decata-od-se-najteshkite-predizvici-na-roditelite-za-koi-retko-se-zboruva-04.jpg

„Тешко ми е кога гледам дека децата треба да донесат важна одлука за иднината, а јас не можам да им помогнам“.

„Она што мене ми беше најтешко е тоа што немав никаква контрола. Ќе направам планови со пријателите, па некое дете ќе се разболи. Ќе организирам патување за целото семејство, но на децата нема да им се допадне.

Ќе пробам да завршам некоја обврска, но на детето ќе му текне да плаче. Секако, сето ова вредеше, но беше тешко да бидам трпелива секој ден“.

„Најтешко ми беше кога децата пораснаа и одеднаш останав во празна куќа и не знаев што да правам“.

ne-mozham-da-gi-zashtitam-decata-od-se-najteshkite-predizvici-na-roditelite-za-koi-retko-se-zboruva-03.jpg

„Најтешко ми беше тоа што знаев дека некогаш ќе бидат повредени и нема да можам да им помогнам за сè – развод, спонтан абортус, несреќа… Не знаете што ќе ги повреди и не знаете кога ќе се случи“.

„Ми беше особено тешко додека децата беа многу мали. Кога се бебиња и тодлери се многу слатки, но не можете многу да го цените тоа бидејќи постојано сте уморни“.

„Најмногу ги мразев советите од другите за тоа ако да си ги воспитувам децата – прави го ова, не прави го тоа, ова училиште е подобро, нека не се дружи со тоа дете… Ве молам престанете“.

ne-mozham-da-gi-zashtitam-decata-od-se-najteshkite-predizvici-na-roditelite-za-koi-retko-se-zboruva-02.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
„Си дадов отказ од функцијата директорка за да бидам продавачка - само за да имам повеќе време со де... „Работев од 8 до 18 часот, често имав и повици во текот на денот и ноќта. Не мож...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
„Лежев болна деновиве, маж ми ги презеде сите обврски со децата - сфатив колку добро сум избрала“ „Овие денови бев болна. Потполно нефункционална - не паметам кога последен пат м...

Најчитани неделава