„Лежев болна деновиве, маж ми ги презеде сите обврски со децата - сфатив колку добро сум избрала“
„Овие денови бев болна. Потполно нефункционална - не паметам кога последен пат ми се случило тоа. И додека лежев, тој презеде сè. Куќата, децата, готвењето, целиот оној хаос што инаку јас го држам...“

Катарина е мајка од Србија, која заедно со својата пријателка Јелена, го основаа познатиот Инстаграм профил „Mamina spavalica“, што на многу родители од регионот им помага со совети за спиење на нивните бебиња.
Сега таа продолжи сама, под профилот со име „Zbunjena mama“, каде често споделува разни совети за одгледување деца, но и смешни ситуации во кои многумина се пронаоѓаат.

Но, сега таа сподели една немила случка која всушност ја освестила колку добар маж избрала за сопруг.
Нејзината исповед гласи:
„Овие денови бев болна. Потполно нефункционална - не паметам кога последен пат ми се случило тоа.
И додека лежев, тој презеде сè. Куќата, децата, готвењето, целиот оној хаос што инаку јас го држам. Без прашања, без приговор. И покрај сè, стигнуваше да провери како сум.
Во еден момент, додека го гледав како ги подготвува децата за градинка, си помислив: навистина добро сум избрала.

А потоа ми падна на ум колку ретко застанувам и го помислувам тоа. Затоа што во брзањето околу децата, работата и логистиката, лесно забораваме да видиме кој навистина е тука. Кој тивко го носи сето тоа со нас, секој ден.
Не мора човек да се разболи за да го види тоа.
Ако и ти имаш таков покрај себе, застани денес за секунда и кажи му.
Нека знае“.
Пред тоа Катарина имаше уште една искрена исповед за мајчинството:
„Понекогаш имам чувство дека сум единствената мајка што не стигнува сè. Затоа што кога ќе отворам Инстаграм, таму мајките стануваат во 5 наутро.
Вежбаат, готват здрави оброци, ги организираат играчките по бои и на сè тоа уште изгледаат одморено.
А јас утрово не можев да се сетам зошто влегов во кујна. Трипати се враќав да се сетам што сакав.

Куќата ми изгледа како да нè ограбиле вчера. Ручекот, ако воопшто го има, го смислувам во 13:47. А длабокото дишење најчесто доаѓа дури откако веќе сум ги изгубила нервите и сум викнала на сите.
Да бидеме реални - повеќето од нас не живеат како што понекогаш изгледа на социјалните мрежи.
И тоа е сосема во ред.
Ако денес не стигна сè што си планирала, добредојде во клубот на збунети мајки“.
С. С. | Црнобело