Мајка-херој од Англија загинала за да ја спаси 5-годишната ќерка – гранка од дрво паднала врз неа додека шетале во парк
- Детали
- четврток, 14 август 2025
Мајка од Англија шетала во парк со својата ќерка, кога се откршила гранка од дрво. За гранката да не падне врз ќерка ѝ, мајката ја турнала, но самата не успеала да се спаси и им подлегнала на повредите. На целиот хорор сведочеле нејзиниот сопруг и постариот син.

Мадија Каусер од Англија го жртвувала својот живот за да ја спаси нејзината 5-годишна ќерка.
32-годишната Британка и нејзината ќерка во понеделникот (11.08) се шетале во парк, кога од дрвото под кое биле се откршила голема гранка.
Мадија брзо ја турнала ќерка си за да ја спаси, но гранката паднала врз неа.
Во близина бил сопругот на Мадија, 33-годишниот Васим, со нивниот 9-годишен син. Сепак, не можел да реагира навреме и да ја спаси саканата.
Штом големата гранка паднала врз неа, тој истрчал за да ѝ помогне, но Мадија им подлегнала на сериозните повреди.
За Daily Mail, од семејството на Мадија велат дека децата ѝ биле најважното нешто во животот.
„Мадија беше подготвена да направи буквално сè за нив“.
По трагедијата, надлежните го исекле целото дрво, а ги отстраниле и гранките од околните дрвја кои претставувале закана.
Сега, ужаленото семејство чека телото на мајката-херој да им биде предадено, за да можат да ја погребат.
„Ќерка ѝ ми кажа дека Мадија ја турнала за гранката да не падне врз неа. Мадија беше прекрасна и многу посветена мајка.
Нејзиното постаро дете беше со татко му и уште не му се верува што се случи. За децата е многу тешко. Мислам дека никогаш веќе нема да стапнат во тој парк. Ни татко им не е во добра состојба.
За погребот дојдоа луѓе од целата држава и се надеваме дека наскоро ќе ни го предадат телото“, вели роднина на Мадија.
Спирова С. | Црнобело
