Ќерка на ирански тајкун троши повеќе од 500.000 евра месечно - Се фали на Инстаграм со „парите на тато“
- Детали
- недела, 08 февруари 2026
„Добивам многу негативни реакции од луѓе кои ме задеваат дека трошам ‘пари од тато’. Но, јас сакам жените да знаат дека не е неуспех ако некој се грижи за тебе“, вели Дорна Каш (32), која живее во Сингапур.

Дорна Каш (32), која живее во Сингапур, е ќерка на ирански нафтен тајкун.

Таа во светските медиуми и на Инстаграм се фали со „парите на тато“, но не сака да ги открие имињата на своите родители, поради приватност.
Дорна вели дека семејното богатство ѝ овозможува спонтано да патува во Париз, Дубаи и каде и да посака, кога и да посака.
„Никогаш не слушам ‘не’,“ вели Каш.

Тврди дека месечно троши помеѓу 500.000 и 900.000 евра на егзотични патувања и шопинг, а дека родителите ѝ даваат неограничен буџет.
Вели дека лета до 3 луксузни градови на секои 30 дена и таму секогаш си обезбедува најексклузивно сместување.

„Обожавам да престојувам во Raffles The Palm кога сум во Дубаи, а во Париз или во Rosewood Hotel или во Four Seasons George V.
Јас не планирам патувања, туку само тргнувам. И не морам да пакувам цел куфер, туку сè што ми треба можам да го купам таму кога ќе пристигнам“.
Разгаленото однесување ѝ донесе критики на социјалните мрежи.
„Добивам многу негативни реакции од луѓе кои ме задеваат дека трошам ‘пари од тато’.
На почетокот ме погодуваше тоа, бидејќи се чувствував како да сум казнета само затоа што постојам.

Но, сега, се надевам дека мојата содржина на Инстаграм ќе ги инспирира жените - сакам да знаат дека не е неуспех ако некој се грижи за тебе.
Јас едноставно ги игнорирам хејтерите и уживам во привилегиите што ми ги даваат моите родители“.
