Ги викаа „најубавиот италијански пар“ - По разводот тој откри дека покажувале лажна среќа на Инстаграм, сега има нова девојка
- Детали
- понеделник, 01 септември 2025
Раперот признава дека чувствува гадење кон својот минат живот, кога играл улога на „совршеното момче“ во бракот со Кјара Ферањи, кога постојано ја лажеле јавноста. Сега, пронајде среќа со новата девојка.

По разводот со Кјара Ферањи, со која има две деца, италијанскиот музичар Федез се трудеше да го сокрие љубовниот живот, но не премногу.

Тој повеќепати беше фотографиран со новата девојка Џулија Хонегер, а сега и официјално стави низа фотки на Инстаграм со неа од нивниот заеднички одмор.
Но, која всушност е Џулија Хонегер?
Таа е млада дизајнерка од Милано, која во 2024 година го основала модниот бренд „Ayme“ заедно со својата најдобра пријателка.

Не се знае многу за девојката што го освои срцето на Федез, особено бидејќи нејзиниот Инстаграм профил е моментално приватен.
Инаку, Федез пред извесен период го опиша бракот со Кјара како „Виетнамската војна“.
Во интервју за италијански магазин, Федез искрено проговори за еден од најтешките моменти во својот живот - разводот со Кјара Ферањи, кој го нарекува „трет најлош момент“ во неговиот живот (пред него ги става здравствените битки).
Прочитајте и Сопругот на Кјара Ферањи, по операцијата поради тумор на панкреас – сосема гол го покажува истетовираното тело (18+)

Раперот признава дека чувствува гадење кон својот минат живот, кога играл улога на „совршеното момче“ и го опишува крајот на неговиот брак како тотална катастрофа: „Јас уништив сè, како Нагасаки. Но, од урнатините можеш да започнеш повторно“.

Федез ја споредува својата брачна врска со Кјара со Виетнамската војна и признава дека секогаш лажеле на социјалните медиуми.
Федез вели дека е среќен што повеќе не мора да се претставува како нешто што не е на социјалните медиуми и да ја негува сликата дека е „совршена личност“.

Инаку, сега Федез и Џулија се чини дека се неразделни.
Се претпоставува дека нивната врска започнала некаде во јули 2025 година, кога бил фотографирани заедно на одмор, а потоа Федез ја потврдил нивната љубовна врска, објавувајќи фотографија на која се бакнуваат.
Повеќе фотографии од нивниот одмор:



Прочитајте и Кјара Ферањи има нов дечко по разводот – Кој е италијанскиот бизнисмен со кого разменува страсни бакнежи во јавност?
С. С. | Црнобело
