Градска девојка пронајде среќа во животот на село - живее на фарма со сопругот, се породи со 9-тото дете
- Детали
- петок, 06 март 2026
Некогаш балерина и мисица, денес жена што меси леб, молзи крави и е посветена мајка на 9 деца. Со стилот на живот, Хана од САД е сензација на Инстаграм, со 10 милиони следбеници.

Хана Нилман од САД со својот сопруг Даниел живее на фарма, каде сами произведуваат храна, чуваат животни и водат комплетно рурален стил на живот.

Поранешната балерина, на Инстаграм е позната по нејзиниот профил @ballerinafarm, каде ја следат повеќе од 10 милиони луѓе од целиот свет.

Многумина кои се презаситени од градскиот хаос и врева, ќе ѝ позавидат веднаш, па дури и ќе помислат за ваков стил на живот.

Сега, таа го роди своето 9-то дете. Хана роди девојче.
Како со стилот на живот, така и со бројот на деца Хана е сензација на Инстаграм.

Хана и нејзиниот сопруг Даниел објавија видео на кое го држат бебето.
Кликнете на видеото со новороденчето:
Даниел за приновата вели:
„Имавме три сина и мислевме дека никогаш нема да добиеме девојче, а потоа почнавме да се занимаваме со земјоделство и добивме шест ќерки по ред, што е неверојатно. Пресреќни сме“.

Хана беше активна речиси до самото породување и вежбаше, покрај извршувањето на обврските на фармата.
Вели дека секоја бременост ѝ била потешка од претходната, а оваа деветта планира да ѝ е последна, па сакала што повеќе да ужива во неа.

