Кјара Ферањи има нов дечко по разводот – Кој е италијанскиот бизнисмен со кого разменува страсни бакнежи во јавност?

Се запознале на Ибица летово, а неодамна беа на заедничко патување во Рим, каде јавно разменуваа страсни бакнежи и шетаа фатени за рака - кој е богатиот италијански наследник кој го освои срцето на инфлуенсерката Кјара Ферањи, по разводот од раперот Федез?

kjara-feranji-ima-nov-dechko-po-razvodot-koj-e-italijanskiot-biznismen-so-kogo-razmenuva-strasni-baknezhi-vo-javnost-01t.jpg

На почетокот на 2024 осамна информација дека навидум складниот и среќен италијански пар Кјара Ферањи и Федез, се разведуваат.

Наводно раперот одлучил да го напушти семејниот дом, по кризите кои ги доживеале од меѓусебното незадоволство заради скандалите во кои беа вклучени.

kjara-feranji-ima-nov-dechko-po-razvodot-koj-e-italijanskiot-biznismen-so-kogo-razmenuva-strasni-baknezhi-vo-javnost-11.jpg

Прочитајте повеќе: Се разведува инфлуенсерката Кјара Ферањи: И сопругот бега од нејзините правни скандали

Во последните години тие поминаа низ тежок период, откако на Федез му беше откриен тумор на панкреасот и имаше операција, но иако се чинеше дека ги надминале предизвиците, сепак се разделија.

kjara-feranji-ima-nov-dechko-po-razvodot-koj-e-italijanskiot-biznismen-so-kogo-razmenuva-strasni-baknezhi-vo-javnost-13.jpg

Сега, Кјара ужива во љубовта со нов дечко, а италијанските медиуми постојано објавуваат папарацо фотки од нив и споделуваат информации кои ги добиваат од тајни извори.

Станува збор за Џовани Тронкети Провера, италијански претприемач и менаџер, кој е познат по својата работа во телекомуникацискиот сектор, но и како Извршен потпретседател во Pirelli, една од најпознатите компании за гуми во светот.

kjara-feranji-ima-nov-dechko-po-razvodot-koj-e-italijanskiot-biznismen-so-kogo-razmenuva-strasni-baknezhi-vo-javnost-10.jpg

Според италијанските медиуми, тој е син на поранешниот претседател на Telecom Italia, Марко Тронкети, а неговата мајка Сесилија, е наследничка на основачот на Pirelli, Џовани Батиста Пирели.

За разлика од бившиот сопруг на Кјара, кој беше рапер со впечатлив стил, многу тетоважи и скандалозни потези во јавност, нејзиниот нов дечко е сериозен маж, кој имал лидерски улоги во повеќе компании, а доаѓа од семејство кое го цени угледот.

Иако никој од нив не ги потврдил гласините, тие повеќепати се уловени како шетаат заедно фатени за рака, но и додека разменуваат страсни бакнежи.

kjara-feranji-ima-nov-dechko-po-razvodot-koj-e-italijanskiot-biznismen-so-kogo-razmenuva-strasni-baknezhi-vo-javnost--.jpg

Италијанскиот магазин Chi, пишува дека тие се запознале во август 2024 на Ибица, а првото заедничко појавување во јавност им е на крајот од октомври.

Во ноември годинава тие беа на заедничко патување во Рим, а извори блиски до италијанските медиуми тврдат дека парот одел на заеднички ручеци и спиеле во луксузен хотел. 

На Инстаграм профилот на магазинот е објавено видео составено од повеќе ексклузивни фотки од нивното заедничко патување, кликнете за да го видите: 

Сепак, на Инстаграм објавата на Кјара од Рим, нема „траги“ од Џовани, но наводно се подготвува за првиот заеднички Божиќ со него и децата. 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Скандалите на Лука Дончиќ - Со години се судеше со мајка му, сега води правна битка со бившата сврше... Во 2018 година Лука почна правна битка против својата мајка, а по 5 години ја по...
Детали за скандалот со донации на инфлуенсерката Кјара Ферањи – може да помине и 20 месеци во затвор Во соработка со слаткарница, Кјара Ферањи промовираше божиќни торти со порака за...
Анџелина Џоли со нови детали за разводот со Бред Пит: „Му ги оставив домовите, не плаќаше алиментаци... „Настаните кои доведоа до мојата потреба да се разведам беа многу емоционално те...
Се свршија по 10 дена врска, двапати се разведуваа: Која е втората (и трета) сопруга на Илон Маск? Илон Маск имал 37, а Талула Рајли 22 години кога се запознале. Веднаш почнаа врс...
„Ме следеа папараци до дома“: Обични луѓе кои биле во врска со славна личност споделуваат (лоши) иск... „Излегував со холивудски актер. Еднаш ме однесе на забава со славни личности и… ...
Меган Маркл за првпат се појави на Модната недела во Париз и стилски издоминира Со елеганција како принцезата Дијана и лице речиси без шминка, Меган Маркл издом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg