Кјара Ферањи, по разводот и скандалот заради кој ѝ се закануваше затвор, одмара со новиот дечко во Портофино
- Детали
- вторник, 14 јули 2026
Кога се разведе од бившиот со кого има две деца, беше среде скандал со измама за што ѝ се закануваше затвор, а откако ја ослободија од обвиненија, ужива во врската со новиот дечко Колумбиец - најбогатата италијанска инфлуенсерка првпат објави фотки од одморот со него.

На почетокот на 2024-та, најпознатата и најбогата италијанска инфлуенсерка, стави крај на навидум среќниот и складен брак со раперот Федез.
Тие имаат две заеднички деца, а брзо по разводот, Федез си најде нова девојка, за која се шпекулираше и дека е бремена од него.

Потоа и за Кјара се дозна дека е во врска со Џовани Тронкети Провера, италијански претприемач, но љубовта не им траеше долго.
Две години подоцна, инфлуенсерката е во нова врска која не ја крие од јавноста и деновиве објави повеќе фотки од заедничкиот одмор во Портофино.
Во меѓувреме таа долг период беше среде јавен скандал со измама за донации, заради што ѝ се закануваше и затвор, но на почетокот на 2026-та, миланскиот суд ја ослободи Кјара Ферањи од обвинението за тешка измама поврзана со повеќе од 2 милиони евра, со одлука дека нема основа за понатамошно водење на постапката.
Детали за скандалот со донации на инфлуенсерката Кјара Ферањи – може да помине и 20 месеци во затвор
Сега таа ужива во љубовта со својот дечко, Хозе Хернандез, за кој не се знае многу.
Станува збор за колумбиски претприемач, со кого се запознала на патување во Јужна Америка за божиќните празници, а токму тогаш почнала и нивната врска.
Повеќе фотки од одморот на Кјара во Портофино со дечкото:







M. M. | Црнобело