Се разведува инфлуенсерката Кјара Ферањи: И сопругот бега од нејзините правни скандали

Сопругот на Кјара Ферањи не можел да го поднесе притисокот од скандалот во кој се најде таа поради лажна кампања за добротворни цели. Раперот одлучил да го напушти семејниот дом. Зошто се разведува најпознатиот италијански пар?

se-razveduva-influenserkata-kjara-feranji-i-soprugot-bega-od-nejzinite-pravni-skandali-01.jpg

Се чини дека 2023-та година беше мошне тешка за светски познатата инфлуенсерка Кјара Ферањи, а на почетокот на 2024-та таа се соочува со нови проблеми.

Наводно, нејзиниот сопруг, раперот Федез, одлучил да ги спакува куферите и да ја напушти.

Како што пишуваат италијанските медиуми, повикувајќи се на сопствени извори, светски познатата инфлуенсерка Кјара Ферањи се разведува од сопругот Федерико Лучија, попознат како Федез. Наводно, таа сѐ уште не може да верува дека е крај и чека потврда дека овој пат разделбата е дефинитивна.

se-razveduva-najpoznatiot-italijanski-par-i-soprugot-bega-od-nejzinite-pravni-skandali-02.jpg

Се смета дека нивниот брак бил подолго време во криза, а проблемите започнале уште во 2023-та година, кога Кјара беше водителка на фестивалот „Сан Ремо“, а нејзиниот сопруг го украде вниманието со бакнежот со колегата Rosa Chemical.

se-razveduva-najpoznatiot-italijanski-par-i-soprugot-bega-od-nejzinite-pravni-skandali-07.jpg

Фотографиите и видеата од бакнежот брзо се проширија на социјалните мрежи, а Кјара и Федез јавно зборуваа за тоа како се чувствувале заради скандалот.

se-razveduva-najpoznatiot-italijanski-par-i-soprugot-bega-od-nejzinite-pravni-skandali-08.jpg

Инфлуенсерката призна дека била разочарана од однесувањето на нејзиниот сопруг, затоа што пред фестивалот го замолила да ја поддржи и да настапи како гледач, а не како изведувач.

„Тоа беше период во кој јас не бев луциден и се појави дел од мојата личност со којшто не се гордеам. Многу жалам за она што не успеав да го направам и за тоа што го направив.

Во последните неколку месеци работев доста на себе, на моето ментално здравје и на мојата врска, и се трудев да се подобрам себеси за доброто на моето семејство“ – изјави тогаш раперот.

se-razveduva-najpoznatiot-italijanski-par-i-soprugot-bega-od-nejzinite-pravni-skandali-04.jpg

Но, иако изгледаше дека работите конечно ќе тргнат на подобро, инфлуенсерката во последните неколку месеци беше на удар заради лажна кампања и се соочи со милионска казна, што се смета дека е главната причина заради која нејзиниот сопруг одлучил да го напушти семејниот дом и да си замине.

Наводно Федез не бил задоволен од тоа како скандалите на сопругата влијаат врз него и неговата кариера.

Како Кјара се најде среде скандал?

Во 2022-ра година Кјара беше заштитно лице на брендот Balocco за нивното специјално италијанско колаче „пандоро“, кое се продавало трипати поскапо од другите вакви колачиња.

Причината за оваа вртоглава цена било тоа што Кјара најавувала дека заработката од продажбата на колачињата ќе биде донирана во хуманитарни цели.

se-razveduva-najpoznatiot-italijanski-par-i-soprugot-bega-od-nejzinite-pravni-skandali-13.jpg

Подоцна било разоткриено дека инфлуенсерката за оваа кампања заработила милион евра, додека компанијата донирала 50.000 евра за добротворни цели, но шест месеци пред воопшто да почне да се продава колачето.

Всушност, од продажбата на скапите колачиња ништо не било донирано.

Заради ова, Кјара веќе со месеци се соочува со обвиненија за измама, голем број од нејзините следбеници ја отследија, а на крај заработи и парична казна од еден милион евра.

se-razveduva-najpoznatiot-italijanski-par-i-soprugot-bega-od-nejzinite-pravni-skandali-14.jpg

Сега, неколку месеци подоцна, нејзиниот сопруг веќе не можел да се носи со притисокот и од тие причини ја напуштил инфлуенсерката, затоа што смета дека нејзините проблеми лошо се одразуваат и врз него.

Инаку, Кјара и Федез се заедно од 2016-та година. Тие стапија во брак во 2018-та година, а заедно имаат две деца.

se-razveduva-najpoznatiot-italijanski-par-i-soprugot-bega-od-nejzinite-pravni-skandali-05.jpg

Прочитајте и Сопругот на Кјара Ферањи, по операцијата поради тумор на панкреас – сосема гол го покажува истетовираното тело (18+)

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...
Славни жени кои отворено зборуваа за траумата од нивните спонтани абортуси Меган Маркл откри дека имала спонтан абортус додека го држела својот син Арчи, к...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Џастин Тимберлејк не ѝ бил прв дечко, со Колин Фарел сексот бил како „борење“ – Нови скандалозни при... Првиот брак ѝ траеше само 55 часа, а се омажила затоа што била пијана и ѝ било з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg