„Рано е, но заљубени се“ – Лиам Нисон и Памела Андерсон официјално се најомилениот холивудски пар
- Детали
- петок, 01 август 2025
„Со Памела... За почеток, лудо сум заљубен во неа. Таа е одлична за работа. Не можам да ѝ дадам доволно комплименти, ќе бидам искрен“ - призна своевремено Лиам (73) за новата девојка Памела Андерсон (58), а сега извори блиски до парот потврдуваат дека се вљубени и дека добро функционираат, а се криеле во куќа во Канада.

Ѕвездите на новиот дел на Naked Gun, Памела Андерсон и Лиам Нисон очигледно и официјално се љубовен пар во рана фаза од врската.
За време на премиерите на нивниот нов филм, двајцата привлекоа многу внимание на црвениот тепих со нивниот заљубен изглед.

Тие се прегрнуваа, таа го бакнуваше и го гледаше со љубовен поглед, па многумина се посомневаа дека можеби има некаква скриена хемија помеѓу нив.

Иако нивните претставници за јавност уште не даваат никакви коментари, извори ја потврдија нивната романса за DailyMail:
„На Пем многу ѝ се допаѓа Лиам затоа што тој е целосно отворен за нејзиниот начин на размислување и живеење, посебно за пристапот кон славата, што е импресивно.
Таа им кажува на пријателите дека тој е заљубен и дека прави слатки работи за неа, ѝ праќа цвеќиња, поминува време со нејзините синови и кучиња“ – изјавил изворот и додал дека успешно се криеле во нејзината куќа во Канада, каде таа живее нормален живот.

Неодамна тие гостуваа во радио, каде се држеа за рака, а актерот кажуваше како си помислил дека е прекрасна првиот пат кога ја видел Памела на снимањето, што беше уште една потврда за врската.

Во постаро интервју за магазинот People, во кое зборувале за филмот, Нисон не го криеше воодушевувањето кон неговата колешка:
„Со Памела... За почеток, лудо сум заљубен во неа. Таа е одлична за работа. Не можам да ѝ дадам доволно комплименти, ќе бидам искрен.
Таа доаѓа и си ја завршува работата. Забавна е и лесно се работи со неа. Ќе биде одлична во филмот“.

Андерсон пак, исто така имаше пофални зборови за Нисон, па рече:
„Тој е совршен џентлмен. Го вади најдоброто од тебе, со почит, љубезност и искуство. Беше чест да се работи со него“.

Погледнете го видеото во кое тие ја имитираат сцената од Титаник:
М. М. | Црнобело
