Памела Андерсон откри детали за Лиам Нисон: „Не може да не се вљубиш во него, имав трема, многу е забавен“
- Детали
- среда, 20 август 2025
„Ми беше страв да го запознаам, буквално се тресев пред првата средба. Имаме хемија, тој е смешен и има хумор како мало дете“ – вели Памела Андерсон (58) во ново интервју и открива дека е вљубена во Лиам Нисон (73), откако неодамна престанаа да ја кријат љубовта.

Животот и кариерата на Памела Андерсон драстично се сменија откако ја доби улогата за Naked Gun 2, во која игра заедно со Лијам Нисон.
Токму на снимањето на овој филм, освен што научи многу од колегата, таа и се вљуби во него.
Прочитајте и Трансформацијата на Памела Андерсон: Од „пластична“ русокоса со 5 разводи, до инспиративна актерка која најде вистинска љубов

По неколку месеци криење на романсата, неодамна тие конечно потврдија дека се во врска, а извори блиски до парот велеа дека се многу вљубени и природни.
Сега, за OK магазин, во интервју Памела открива повеќе детали за нивната романса, работењето со него, и за кариерата.

На почетокот, таа зборува за првите моменти кога го запознала и опишува како изгледало да се снима филм со него.
„Лиам е фантастичен. Сите би се вљубиле. Тој има неверојатна кариера, почнувајќи од театар, па до улоги во многу познати филмови. Беше застрашувачки да се работи со него.
Ми беше страв да го запознаа. Буквално се тресев првиот ден кога дојдов на проба со него.
Но, тој е голем џентлмен, сладок е, љубезен, дава поддршка и нуди помош, знаете, едноставно не може да си помогнете да не се заљубите во него“ – вели таа за почетоците.

Андерсон не крие дека помеѓу нив има хемија и споделува дека тој е навистина смешен и се забавувале додека снимале.
„Имаме хемија навистина и знаете, кога не снима, тој е смотано смешен. Има хумор како мало дете. Да, забавен е.
На снимање бевме посериозни, но на пробите, се забавувавме и смеевме.
Но, ако се смеевме за сите работи, веројатно денес уште ќе го снимавме филмот.
Дел од екипата се криеше по ќошеви, а други беа во соба со звучна изолација за да не можат да се смеат“.

Двајцата не ја криеја хемијата за време на премиерите на филмот и на црвениот тепих споделуваа нежности, се прегрнуваа и бакнуваа, заради што многумина веднаш се посомневаа дека можеби има нешто повеќе помеѓу нив.

Кратко потоа, неколку извори открија дека тие се веќе некој период заедно, а од јавноста се криеле во куќата на Памела во Канада, каде уживале во секојдневни активности како сите „обични“ луѓе.

Прочитајте повеќе: „Рано е, но заљубени се“ – Лиам Нисон и Памела Андерсон официјално се најомилениот холивудски пар
M. M. | Црнобело
