„Таа е магионичар, блескам заради неа“ – Ева Лонгорија (50) за српската докторка во Дубаи која ја одржува млада

„Кога одам кај неа, излегувам здрава и блескава“ – вели Ева Лонгорија за српската докторка која работи во Дубаи и ги подмладува најголемите ѕвезди, меѓу кои и Линдзи Лохан, а фановите пишуваат: „Што и да сте ѝ направиле, секоја чест, совршена е“.

-taa-e-magionichar-bleskam-zaradi-nea-eva-longorija-za-srpskata-doktorka-vo-dubai-koja-ja-odrzhuva-mlada-01.jpg

Докторката Радмила Лукијан која има своја клиника во Дубаи за третмани за разубавување и анти стареење се прослави многу откако светот дозна дека таа е заслужна за трансформацијата на Линдзи Лохан и ѝ ги избриша трагите од стареење, но уште повеќе од пороците.

Која е српската докторка што ги „избриша“ трагите од години поминати со дрога и алкохол на лицето на Линдзи Лохан?

Таа работи со голем број познати личности, меѓу кои и Ева Лонгорија (50), која за неа има само пофални зборови.

Неодамна Ева се појави во совршено издание на модна писта во Париз, со младешки изглед и блескаво лице, а докторката се пофали дека таа е заслужна за тоа.

Во видеото Радмила вклучила и инсерти од порано, кога актерката има изјавено: „Не ми пречи стареењето, само сакам да стареам добро“, а потоа стои до неа и кажува: „Оваа докторка е како добрата вила што прави магија, одам кај неа и од таму си одам здрава и блескава“.

Ева вели дека оди во Дубаи само за да ја посети Радмила и нејзината клиника, но и дека жали што не живее таму, за да може секој месец да оди на третмани кои не ги открива. 

Под видеото, многумина во коментари се сложуваат дека Лонгорија изгледа совршено и дека посакуваат еден ден да бидат како неа, а докторката ги кани во својата клиника на индивидуален третман.

„Како изгледа оваа жена! Што и да сте ѝ правеле на лицето, секоја чест“.

„Нема никој подобар за ова од вас“.

„Едвај си го чекам мојот термин“.

„Што има направено, затоа што кога беше помлада не изгледаше толку добро“.

 М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Комплицираниот љубовен живот на Џуд Ло: Седум деца од четири жени, афера со дадилка Со сегашната сопруга, Џуд Ло има две деца. Но, тој има и уште две деца од претхо...

Најчитани неделава