Скриената порака на фустаните на Кјара Ферањи на Сан Ремо 2023 (фото+видео)

„Телото на жената не смее да предизвика омраза и срам“ - Во фустан кој го симулира нејзиното голо тело и гради, но и во бел фустан на кој со црни бисери се извезени навредите што секојдневно ги добива на социјалните мрежи, италијанската инфлуенсерка Кјара Ферањи упати силна порака за време нa нејзиното обраќање на Сан Ремо. Што мислите би добиле ли нашите инфлуенсерки толку голема поддршка како таа, кога би се појавиле во ваков фустан?

skrienata-poraka-na-kjara-feranji-na-fustanot-na-san-remo-2023-foto-01.jpg

Најпозната италијанска инфлуенсерка Кјара Ферањи се појави на 73-тото по ред издание на италијанскиот фестивал Сан Ремо, а двете вечери носеше креации на Dior.

skrienata-poraka-na-kjara-feranji-na-fustanot-na-san-remo-2023-foto-02.jpg

Кјара се појави во гол фустан кој целосно го симулира голото тело на инфлуенсерката, а оваа креација беше наречена „бесрамен фустан“.

Таа одржа моќен говор во кој се обраќа до себеси кога била мала, па порача:

„Телото на жената никогаш не смее да предизвика омраза или срам. Здраво малечка. Одлучив да ти напишам писмо, а секојпат кога мислам на тебе ми се плаче, можеби затоа што ми недостасуваш, а можеби затоа што сакам да те поканам да видиш каква сум денес. Убаво е чувството кога голем број луѓе ти се восхитуваат, но, знаеш, не ме сакаат сите луѓе.

Сакаш да знаеш нешто за иднината? Отсекогаш се трудев да те направам горда.

Сѐ што направив, направив за тебе, за малото девојче што некогаш бев и во сѐ што правев постоеше мислата дека тоа не е доволно.

Сакам да ти кажам дека треба да знаеш дека ти си доволна, секогаш си била па дури и тогаш кога не си се чувствувала како доволно добра, доволно силна, доволно убава, тогаш си била таква.

Најголемите предизвици се во нашите глави и со самите себе. Уживај во ветрот, уживај во миговите, плачи, налути се, викај ако мораш.

Еден пријател ми рече дека никој не сака да оди на рамен ролеркостер. Живеј без страв дури и кога стравот ќе те обземе толку многу пати, што нема да знаеш кој пат е по ред, но ако нешто те плаши, тогаш сигурно е вистинското...“

Целта на овој фустан била да се обрне внимание на правата на жените, но и на тоа колку претставувањето на женското тело сѐ уште се смета за скандалозно и е предмет на дискусија.

skrienata-poraka-na-kjara-feranji-na-fustanot-na-san-remo-2023-foto-03.jpg

Познатата Италијанка освен што изгледаше сензационално на сцената, таа во своите креации носеше скриени пораки.

skrienata-poraka-na-kjara-feranji-na-fustanot-na-san-remo-2023-foto-04.jpg

Па така, втората вечер се појави со уште еден бел фустан на кој со црни бисери беа извезени дел од многуте навредливи пораки што таа ги добила на социјалните мрежи, а се поврзани со нејзиниот изглед.

„Идејата за везењето на овие црни зборови на бело платно е како книга да ја раскаже приказната за безвредното незадоволство против кое мора да се бориме секој ден.

Со овие сексистички фрази на Сан Ремо сакаме да ги потсетиме сите да не обрнуваат внимание и да не им дозволиме на хејтерите да нѐ онерасположат затоа што единствено е важно мислењето само на оние што навистина нè сакаат“ – стои во текстот до објавените фотографии на Инстаграм.

skrienata-poraka-na-kjara-feranji-na-fustanot-na-san-remo-2023-foto-06.jpg

Кјара позираше заедно со нејзината ќеркичка во уште еден фустан наречен „кафез“, а привлече внимание и со наметката на која стоеше феминистичкиот слоган „мисли слободно“.

skrienata-poraka-na-kjara-feranji-na-fustanot-na-san-remo-2023-foto-09.jpg

Погледнете повеќе фотографии од фустаните со пораки на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Аријана Гранде како замотана во јорган – Најдобро и најлошо облечени ѕвезди на Оскари 2024 (фото) Марго Роби ги замени розовите „Барби“ тоалети за црн провокативен фустан, а Ариј...
Најубавите парови на доделувањето на Греми 2024 (фото) Дејвид Гета и девојката Џесика, Криси Тајген и Џон Леџенд, но и Мајли Сајрус со ...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...
Фото споредби што ќе ве изненадат: Како изгледаат познатите дами во профил? Сте виделе ли како изгледаат Блејк Лајвли и Бела Хадид во профил? Сте виделе ...
Сандра Булок блеска на 59 години, и покрај траумите - Бившиот ја изневери со 20 жени, демнач ѝ влезе... Скоро 30 години Сандра Булок е миленичка на Холивуд. Во јавноста е секогаш насме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg