Тажни детали од животот на Мерил Стрип: Љубовта на нејзиниот живот почина од рак, ја нарекувале грда за Холивуд
- Детали
- сабота, 09 мај 2026
Пред да се пробие во Холивуд, Мерил Стрип беше во врска со колега кој добил дијагноза за рак на белите дробови. Актерката почнала да работи уште понапорно за да му ги покрива трошоците, но тој ѝ подлегнал на болеста.

Мерил Стрип зад себе има завидна актерска кариера. Таа е рекордер кога се во прашање номинациите за Оскар – има дури 21, повеќе од која било друга актерка во Холивуд.
Трипати има освоено Оскар, но и безброј други награди, а голем дел од нејзините улоги се сметаат за легендарни.
Но, иако делува како да зрачи среќа кога ќе се појави некаде, 76-годишната актерка се соочила со низа предизвици и трагедии во животот.
Тажни детали од животот на Мерил Стрип:
Поради талентот, немала пријатели
Уште во основно и средно, Мерил била перфекционист и била вклучена во сите вонучилишни активности – од навивачки групи, до мјузикли и театарски секции.
Кога се запишала на колеџ, продолжила со истото темпо, а нејзиниот талент истовремено ги импресионирал, но и ги плашел соучениците.
Мерил се запишала на драмски колеџ на Yale и без проблем добивала улоги во сите продукции. Поради ова, другите студенти почнале да ја избегнуваат – сметале дека им ги краде улогите.
Несреќна поради ова, Мерил дури ги молела нејзините професори да се откаже од некои улоги, но како што открива, само ѝ рекле:
„Не може. Премногу си добра. Мора да глумиш во секоја претстава“.
Ѝ рекле дека е премногу грда за да биде холивудска актерка
Иако на факултет Мерил била најталентираната актерка, не ѝ било така лесно да се пробие во Холивуд.
Многу холивудски продуценти го критикувале нејзиниот изглед, но можеби најболна била аудицијата за главната улога во филмот King Kong од 1976 година.
Актерката сподели дека слушнала како продуцентот разговара со неговиот син на италијански – ги разбрала бидејќи и таа знаела да го зборува јазикот.
Синот бил среќен што ја предложил Мерил за аудиција, но татко му, продуцентот, само му рекол: „Зошто ми го донесе ова грдо суштество?“
Актерката одлучила да му врати, па му рекла:
„Жалам што сум многу грда за твојот филм, но твоето мислење е само едно од илјадници“.
Го издржуваше дечко ѝ додека беше болен од рак
Во 1970-тите, Мерил почна врска со Џон Казале кој дотогаш веќе беше истакнат актер.
Набрзо почнаа да живеат заедно, но само една година подоцна, Џон беше дијагностициран со рак на белите дробови.
Тој период Мерил уште не беше пробиена во Холивуд, но почнала да работи уште понапорно за да може да ги покрие здравствените трошоци на саканиот.
Таа доби и улога во минисеријата Holocaust и во период кога ја очекувал смртта на партнерот, нејзината изведба беше толку добра, што доби Еми награда.
Истата година, Мерил и Џон заедно се појавија во филмот The Deer Hunter кој освои неколку Оскари, а ѝ донесе номинација и на Мерил.
Неговата смрт ја променила како личност
Во последните месеци од животот на Џон, Мерил постојано била покрај него и му го посветувала целото време.
Тој починал во 1978 година, додека Мерил седела покрај него.
Џон бил најголемата љубов во животот на Мерил, а таа неколкупати има зборувано за големата загуба.
„Бев емоционално уништена по неговата смрт. Па, целата енергија ја насочив кон работа. Ова беше себичен период, период кога пробував да заздравам.
Сакав да се најдам на место каде што ќе можам засекогаш да ја носам смртта на Џон во мене, но сепак да функционирам“.