Тажни детали од животот на Мерил Стрип: Љубовта на нејзиниот живот почина од рак, ја нарекувале грда за Холивуд

Беше критикувана кога стапи во брак

Мерил Стрип уште тагувала за Џон кога го запознала скулпторот Дон Гамер.

Се запознале преку братот на актерката, кој само сакал да ѝ помогне да се врати на нозе.

По некое време тие почнале врска, а се венчаа во 1978-ма – неполна година од смртта на Џон.

Поради ова, дури и нејзините блиски ја критикувале и сметале дека брза премногу, а актерката го заладила односот со мајка ѝ.

Но, вели дека не жалела за одлуката.

„Ми изгледаше дека тоа е правилна одлука. Многу луѓе ми предложиле брак, но дотогаш не ми изгледало како тоа да е вистинскиот избор“.

tazhni-detali-od-zhivotot-na-meril-strip-ljubovta-na-nejziniot-zhivot-pochina-od-rak-ja-narekuvale-grda-za-holivud-06.JPG

Тешка соработка со Дастин Хофман

Kramer vs. Kramer ѝ го донесе првиот Оскар на Мерил Стрип, но снимањето со колегата Дастин Хофман не било најлесно.

Според некои извори, актерот користел техники како таканареченото методско глумење, па за да изнуди реакција од Мерил, честопати и зборувал за смртта на дечко ѝ.

Тој дури и вистински ја нападнал наместо да глуми – нешто што го има потврдено самата.

„Додека ја снимавме првата сцена, ми удри шлаканица. Се гледа и во филмот. Ги премина сите граници“.

tazhni-detali-od-zhivotot-na-meril-strip-ljubovta-na-nejziniot-zhivot-pochina-od-rak-ja-narekuvale-grda-za-holivud-07.JPG

Беше многу блиска со Харви Вајнстин

Во 2017 година, светот дозна за мрачната страна на филмскиот магнат Харви Вајнстин – моментално тој е во затвор за силување и сексуално вознемирување низа актерки.

Пред случајот да излезе на виделина, Мерил не ја криеше близината со продуцентот, па дури и го споредуваше со „Бог“.

Тоа што актерката молчеше во периодот кога се појавија обвинувањата се одрази негативно врз нејзината репутација.

По многуте реакции и тврдењата дека знаела што правел Харви, таа реши да се огласи:

„Не знаев за злоделата на Харви. Јас му требав повеќе отколку што тој ми требаше мене, па се потруди да не знам што навистина прави“.

tazhni-detali-od-zhivotot-na-meril-strip-ljubovta-na-nejziniot-zhivot-pochina-od-rak-ja-narekuvale-grda-za-holivud-08.JPG

Се разведе од сопругот по неколку децении заедно

Во 2023 година, Мерил Стрип одлучи да се развее од сопругот Дон Гамер.

Таа откри дека дотогаш биле разделени веќе шест години, но не сакале да споделуваат со јавноста.

Разводот не беше драматичен и не е познато што точно се случило.

tazhni-detali-od-zhivotot-na-meril-strip-ljubovta-na-nejziniot-zhivot-pochina-od-rak-ja-narekuvale-grda-za-holivud-09.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Посвоен син, ќерка што го смета за „пијаница“: Кои се (тајните) деца на Ози Озборн? Ози Озборн има дури шест деца, а оние најстарите велат дека бил лош татко бидејќ...
Комплицираниот љубовен живот на Џуд Ло: Седум деца од четири жени, афера со дадилка Со сегашната сопруга, Џуд Ло има две деца. Но, тој има и уште две деца од претхо...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...

Најчитани неделава