„Потрошив многу пари за новогодишни подароци на син ми и сега не знам како ќе си ги платам сметките“
- Детали
- сабота, 20 декември 2025
„Приходите навистина почнаа да ми се пресушуваат. Ова е застрашувачко време за мене. Со ова темпо заштедата ќе ми исчезне преку ноќ, но сакам луксуз за син ми...“

Џоди Вестон (32), инфлуенсерка и диџејка од Велика Британија признава дека нејзините заштеда „се стопила“ бидејќи потрошила илјадници евра на новогодишни и божиќни подароци за нејзиниот 3-годишен син Коа-Зајд, како и на резервации за патувања и активности со него.

На своите социјални мрежи таа се пожали дека претерала и останала „без пари“, па сега стравува дека нема да може да ги покрие сметките во јануари.

„Мислам дека морам брзо да ги сменам навиките и тоа итно. Со ова темпо заштедите ќе исчезнат преку ноќ“, вели таа.
Џоди овој декември планира и посета на Лапонија, а мајката и синот ќе носат усогласени Cartier алки, како и дизајнерски пижами за празниците.

„Во последните два месеци, приходите навистина почнаа да ми се сушат. Ова е застрашувачко време за мене...“
Но, таа вели дека додека може ќе го одржува својот вообичаен начин на живот и планира да отпатува во Абу Даби за да ја дочека Новата година со стил.

„Сакам годината да ја започнам со позитивна нота, а кога ќе се вратиме дома - тогаш ќе се соочам со реалноста...“

„Не сакам мојот син Коа-Зајд да биде погоден од ова, па ќе направам сè за да не се почувствува. Во моментов сум фокусирана на тоа да живеам, и тоа со стил!“

Џоди наиде на низа критики за однесувањето од страна на многу мајки, кои ја проценија како „многу разгалена“.
С. С. | Црнобело