Најстарата жена во светот има 116 години: Се родила кога владеел пра-прадедото на кралицата Елизабета, видела 2 светски војни

Со своите 116 години, Етел од Англија е најстарата жена во светот. Се родила пред жените да имаат право на глас во Англија, а ги надживеала и сопругот, и двете ќерки.

najstarata-zhena-vo-svetot-ima-116-godini-se-rodila-koga-vladeel-pra-pradedoto-na-kralicata-elizabeta-videla-2-svetski-vojni-01.jpg

По смртта на бразилката Ина Канбаро Лукас во мај, Британката Етел Катерман беше прогласена за најстарата жена во светот.

На 21-ви август, пак, Етел го прослави 116-тиот роденден во домот за стари лица каде што живее.

Етел прославила во мирна атмосфера, опкружена со семејството, а добила и честитка од кралот Чарлс. 

najstarata-zhena-vo-svetot-ima-116-godini-se-rodila-koga-vladeel-pra-pradedoto-na-kralicata-elizabeta-videla-2-svetski-vojni-7.JPGЕтел на ланскиот роденден

Интересно е да се напомни дека Етел, која е родена во 1909 година, е единствената жива личност која сведочела на владеењето на кралот Едвард Седми – пра-прадедото на кралицата Елизабета.

najstarata-zhena-vo-svetot-ima-116-godini-se-rodila-koga-vladeel-pra-pradedoto-na-kralicata-elizabeta-videla-2-svetski-vojni-09.JPG

За разлика од ланскиот роденден каде имаше и фотосесија, годинава не сакале да ја оптоваруваат Етел со забави и фотографии.

Но, домот во којшто отседнува даде изјава:

„Етел и нејзиното семејство се благодарни за сите убави пораки и интересот за неа додека го слави 116-тиот роденден. Етел ќе го помине денот тивко, со семејството, за да може да ужива со свое темпо.

Ви благодариме за убавите желби на овој посебен ден“.

Етел е родена три години пред да потоне Титаник, а била жива и за време на двете светски војни.

Таа имала осум браќа и сестри, од кои сите се починати. Но, една од нејзините сестри била долговечна како неа и го дочекала 104-тиот роденден.

najstarata-zhena-vo-svetot-ima-116-godini-se-rodila-koga-vladeel-pra-pradedoto-na-kralicata-elizabeta-videla-2-svetski-vojni-01.JPGЕтел на ланскиот роденден

Етел е родена во Англија, и тоа осум години пред жените таму да добијат право на глас.

Сведочела и на најголемите настани од поновата историја како првото лансирање на Месечината и падот на Берлинскиот ѕид, а го гледала владеењето на дури шест различни монарси во Англија.

Во текот на нејзиниот живот се смениле дури 27 премиери во Англија.

najstarata-zhena-vo-svetot-ima-116-godini-se-rodila-koga-vladeel-pra-pradedoto-na-kralicata-elizabeta-videla-2-svetski-vojni-10.JPG

Иако најголем дел од животот поминала во Англија, три години живеела и во Индија. Откако се вратила во 1931-ва, ог запознала нејзиниот сопруг Норман. Се венчале во 1933 година.

Кога сопругот станал поручник, извесен период живееле во Хонгконг, каде што Етел предавала англиски.

Потоа живееле и на Гибралтар, пред да се вратат во Англија каде што Етел живее повеќе од половина век.

najstarata-zhena-vo-svetot-ima-116-godini-se-rodila-koga-vladeel-pra-pradedoto-na-kralicata-elizabeta-videla-2-svetski-vojni-5.JPGЕтел на ланскиот роденден

Со сопругот добиле две ќерки, а тој починал во 1976 година. Починати се и двете деца што ги добиле.

Денес Етел има многу внуци и правнуци кои редовно ја посетуваат во домот каде што живее.

И, вели дека е задоволна од животот што го одживеала.

„Сум била насекаде низ светот и сега завршив во овој прекрасен дом, каде сите се грижат за мене и ми даваат што и да посакам“.

najstarata-zhena-vo-svetot-ima-116-godini-se-rodila-koga-vladeel-pra-pradedoto-na-kralicata-elizabeta-videla-2-svetski-vojni-02.JPGЕтел на ланскиот роденден

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена (50) од Велика Британија за тајната на бракот со 31-годишниот сопруг: „Клучот е силното либидо“ По 4 години брак, Каролин Станбери (50) ужива во интимноста со поранешниот фудба...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
„Се вљубив во воин од племе во Кенија – ги оставив сопругот и децата за него, но направив огромна гр... Додека била на одмор во Кенија, жена од Англија се вљубила во воин од племето Ма...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg