Дете на инфлуенсерка се удави во базен – таткото гледал кошарка додека го чувал: Детали за трагедијата што го потресе светот
Емили и сопругот не даваа никакви изјави во јавност, но кон крајот на мај, се дозна дека инфлуенсерката поднела тужба за да го спречи објавувањето на доказите од случајот.
„Емили и нејзиното семејство сакаат да тагуваат во приватност, но јавноста не им дозволува. Смртта на нејзиниот син се претвори во медиумска лудост.
Емили дава сè од себе за да биде овде за нејзиниот друг син, Теодор. Но, секој ден е битка“, стои во тужбата на инфлуенсерката.
Првото сослушување за тужбата на Емили се одржа на трети јуни, каде што се одлучи дека надлежните нема да објавуваат ништо додека трае случајот за смртта на детето.
Но, веќе на 15-ти јули, надлежните соопштија дека можно е да се поднесе тужба против Брејди, таткото на починатото дете, бидејќи неговото невнимание ја предизвикало смртта.
Според она што ѝ е познато на јавноста, детето се сопнало и паднало во базенот, а не влегло самото.
Па, трагедијата беше затворена како несреќен случај и Брејди беше ослободен. Но, сепак е критикуван за неговата неодговорност.
Неодамна, на 28-ми август, Емили и првпат се огласи за трагедијата. Таа сподели дека ќе продолжи со инфлуенсерката работа, но повеќе ќе внимава што споделува.
„Загубата со олкав размер е невозможно да се искаже со зборови. Поминав денови, недели, месеци, пробувајќи да ги најдам зборовите и исто така да си го овозможам потребно време за да ја прифатам смртта на моето дете.
Триг е нашето бебе и нашиот најдобар пријател. Светлината и духот што ги носеше во овој свет беа светли чисти, радосни и неоспорни. Ни недостасува секоја секунда од секој ден и често ни е неподносливо да продолжиме напред.
Никогаш не мислев дека ќе искусиме вакво тагување или болката од тоа што загубивме толку ненадејно. Ова е болка, празнина, која ниту едно семејство не треба да ја искуси.
Ја преземам целата одговорност како мајка на Триг и знам дека требаше да направам повеќе за да го заштитам. Една од најтешките лекции што ги научив е дека перманентната ограда на базенот би му го спасила животот и ова е нешто што никогаш веќе нема да го превидам.
Се надевам среде оваа болка, приказната на Триг ќе помогне да се спречи други деца и семејства да настрадаат од истата загуба.
До нашето семејство – не би го надминале ова без вас. Поддршката што ни ја давате, безусловната љубов и тоа што сте овде за нас е нешто за коешто никогаш нема да можеме да ви се одложиме и да ви се заблагодариме доволно. Искрено, ги имаме најдобрите пријатели и семејство кои буквално нè водат низ ова.
До мојата публика и луѓето кои нè поддржуваат – не можам да ви се заблагодарам доволно за сите пораки што ги добив, за љубовта за нашето семејство и за поддршката што ми ја давате во овие тешки времиња…
Кога почнав да работам со социјални мрежи во 2021-ва како нова мајка, целта ми беше да се поврзам со други мајки да најдам заедница.
Го најдов тоа, но и многу повеќе преку сите вас. Најдов заедница, хоби што го сакам и работа за која сум многу благодарна.
Отсекогаш сум била своја на социјалните мрежи и го давав најдоброто од себе за искрено да го споделам моето секојдневие, додека сум била внимателна за работите што не сакам да ги споделам.
Преку оваа трагедија видов како на врските онлајн им недостасуваат граници, особено кога треба да се заштити приватноста на децата. Понатаму ќе поставам повеќе граници за тоа што ќе споделувам онлајн.
Во иднина би сакала да можам да споделам повеќе за тоа како се справувам со оваа тага, но сега, само можам да ви се заблагодарам за љубовта, сочувствителноста, трпеливоста и просторот што ни го давате за да тагуваме“.
Спирова С. | Црнобело