Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Строга дисциплина, но и доверба во здравствениот систем – што научиле луѓето од епидемијата на вариола вера од 1972 година во Југославија?

Во 1972 година, на жителите во тогашната Југословенска Република засекогаш им останал еден збор вкотвен во меморијата – епидемија.

Sto-naucile-lugjeto-od-epidemijata-vo-1972-01.jpg

Вирусот вариола вера, односно големи сипаници е донесен од страна на човек кој се враќал од аџилак, а случајот е потврден на 14 март. До средината на месецот, од вариола вера се заразиле повеќе од 140 луѓе, најмногу на територијата на Косово, Нови Пазар, Чачак, Белград и во северниот дел на Црна Гора.

Се прогласила епидемија, ограничување на движењето, формирање на карантин, итна, масовна и задолжителна вакцинација на населението. Сите овие мерки се спроведувале додека вирусот не се искоренил, но високо смртната болест се заканувала да остави сериозни последици од секој аспект.

Населението било мобилизирано – сите биле распоредени по објектите каде што се извршувала вакцинацијата на граѓаните. Војската и полицијата биле ангажирани да го регулираат движењето затоа што им било забрането на оние кои не биле вакцинирани.

На влезовите и излезите од градовите се запирале возилата, на автобуските и железничките перони не можело да се помине без потврда од извршена вакцинација.

Sto-naucile-lugjeto-od-epidemijata-vo-1972 (6).jpg

Големите сипаници се болест со висока стапка на смртност, со 20-30% на заболени лица и дотогаш однела најмногу човечки животи во историјата на цивилизацијата.

Тоа била последната епидемија од големи размери на територијата на поранешна Југославија, а од којашто здравствениот систем можел да извлече низа поуки.

Животот на луѓето во текот на 1972 година се разликувал во зависност од тоа колкумина од нив биле блиску до жариштата на заразата.

Сепак, сведоци тврдат дека народот се придржувал строго кон препораките, ги почитувале и им верувале само на изјавите од официјалните органи. Се читале весници, се слушало радио, бидејќи многу малку луѓе имале телевизори, особено на село.

Немало речиси никакви психози, немало електронски достапни медиуми, па така луѓето не биле во можност во секоја доба од денот и на кое било место да дознаат сè, дури и доколку се работело за некаква драматична ситуација.

Лекции од карантин

Белград бил седиште на дури 8 карантини во кои биле сместени заболените, на кои многумина се сеќаваат како на добро чуваната „тврдина“. 

Четири карантини биле сместени во болнички установи, додека останатите четири до адаптирани цивилни објекти – хотели и мотели.

Sto-naucile-lugjeto-od-epidemijata-vo-1972 (7).jpg

Точно 2 месеци траела борбата на државата со вирусот, а последниот заразен којшто преживеал ја напуштил болницата на 19 мај, 1972 година. Ефикасниот одговор на државата го запрел бројот на мртвите на 40.

Клучно за намалувањето на стравот и постигнување на успех во борбата со епидемијата била сериозноста во пристапот. Впечатлива била дисциплината на луѓето, тие трпеливо чекале во редици, доаѓале на задолжителните вакцинирања, свесни за сериозноста на проблемот.

Sto-naucile-lugjeto-od-epidemijata-vo-1972 (4).jpg

Се носеле заштитни маски, и според сведочењата луѓето биле сигурни дека добро се владее со ситуацијата и дека не се прават грешки; сè околу нив упатувало на ефикасноста на системот, бидејќи јасно се знаело кој, кога и каде може да биде вакциниран, како се следи успехот на вакцинирањето, кому и како е ограничено движењето итн.

Граѓаните научиле нешто што и денес е многу важно во борбата против вирусите. Научиле многу за хигиената и како мора да се води сметка за неа. И епидемиолозите се стекнале со непроценливо искуство, но и целокупниот здравствен систем.

Sto-naucile-lugjeto-od-epidemijata-vo-1972 (5).jpg

Многу доктори сметаат дека тогашната Југославија во многу стандарди била релативно блиску до западните здравствени системи, отколку што е денешната ситуација на Балканот.

Тогаш луѓето му верувале на здравствениот систем, им верувале на докторите и авторитетите – во тоа е главната разлика.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
Мајката која пред 16 години роди осумка зборува за предизвиците: „Забременив со ин витро, докторката... 16 години откако роди осумка, Натали Сулеман реши да прозбори за целото свое иск...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Се вљубила во шеикот на Дубаи, кога останала бремена ја оставил за друга – Животот на Нивин Ел Гама,... По само 2 години нивната бајка се претворила во кошмар. На телевизија видела дек...
Жена го оставила сопругот и трите деца за маж што го запознала на одмор во Египет - но, зошто се пок... Јулија Кларк (53) од Велика Британија чувствувала дека нејзиниот брак, кој траел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg