Сите љубовници на Адолф Хитлер - Бирал двојно помлади девојки, една му родила син, внуката се убила поради него

Приказната за љубовта на Адолф Хитлер и Ева Браун е позната на сите, но малкумина знаат дека фирерот имал многу љубовници, повеќето од нив двојно помлади од него.

site-ljubovnici-na-adolf-hitler-biral-dvojno-pomladi-devojki-edna-mu-rodila-sin-vnukata-se-ubila-poradi-nego-01.jpg

Тој што бил задолжен да му најде љубовница на Хитлер, морал да ги дознае сите информации за неа, за нејзиното потекло, имињата на нејзините блиски роднини и да биде со „чиста крв“, односно Ариевка.

Жените во Германија, пак, биле ‘луди’ по него. Хитлер знаел како да им угоди, а неговата тајна била во тоа што правел секоја девојка да се чувствува важно и посебно кога ќе биде со него.

Тој ни на своите секретарки не им се обраќал по име, туку ги нарекувал „моето убаво дете“ или „моја убавице“.

И секоја од нив имала чувство дека Адолф ѝ се восхитува и ја обожава.

„Тој никогаш не го креваше гласот. Дури и кога правевме грешки, тој зборуваше толку милно и тивко, што многу луѓе се топеа слушајќи го.

И никогаш не седнуваше прв во присуство на жени. Овие мали знаци на внимание секогаш имаа ефект врз спротивниот пол,“ рекла своевремено секретарка на Хитлер.

site-ljubovnici-na-adolf-hitler-biral-dvojno-pomladi-devojki-edna-mu-rodila-sin-vnukata-se-ubila-poradi-nego-04.jpg

Првата жена на Хитлер била Шарлот Лобжоа. Таа била само 9 години помлада од него, за разлика од повеќето љубовници на фирерот кои биле доволно млади за да му негови ќерки.

Таа имала потемна кожа, но сепак била нежна бринета, за разлика од повеќето жени со кои Хитлер имал афера, а биле русокоси Ариевки со изразени облини.

Шарлот била Французинка, ќерка на месар, која зборува совршен германски. Токму затоа нивната прва средба во април 1916 година поминала лесно и непречено.

Таа се согласила да му позира за Хитлер, па нивната врска наскоро ја надмина границата на пријателство и бизнис.

Шарлот се заљубила во Адолф, па од летото 1916-та до есента 1917 година го следела насекаде.

На 30 септември, тие се сретнале последен пат - Хитлер отишол во Шпитал, на одмор, да го посети своето семејство, а по ова идниот фирер одлучил да го затвори француското поглавје од својот живот.

Во пролетта 1918 година, Шарлот го родила момчето по име Жан, а за да го издржува детето, се преселила во Париз и почнала да работи како танчарка.

Кога се премажила во 1922 година, нејзиниот сопруг решил да го посвои Жан и му го дал презимето, Лоре.

Жан Лоре за своето потекло дознал по војната, во 1948 година, направил дури и ДНК тест, но резултатот покажал дека е невозможно дефинитивно да се потврди врскатамеѓу него и Хитлер.

site-ljubovnici-na-adolf-hitler-biral-dvojno-pomladi-devojki-edna-mu-rodila-sin-vnukata-se-ubila-poradi-nego-06.jpgАдолф и Шарлот

Една од познатите љубовници на Хитлер е Гели Раубал, ќерка на неговата полусестра Ангела.

Родена е во 1908 година, а историчарите сè уште ја нарекуваат „најголемата љубов на фирерот“ и покрај постоењето на Ева Браун.

Фирерот бил официјален старател на неговата внука и во 1928 година ги поканил полусестра си и нејзините ќерки да живеат со него.

Нему му требала жена која ќе се грижи за неговото домаќинство и трошоците, а Ангела, која била вдовица, очајно ѝ требале пари.

Сестрата на фирерот со ќерките Елфриде и Гели се вселила во куќата на Оберзалцберг и се грижела за неа по вкусот на Хитлер.

Кога ги посетувал, Ангела била срамежлива и го гледала својот полубрат повеќе како претпоставен отколку како роднина. Таа не се спротивставила кога тој ѝ понудил да ја однесе Гели во Минхен за да студира.

site-ljubovnici-na-adolf-hitler-biral-dvojno-pomladi-devojki-edna-mu-rodila-sin-vnukata-se-ubila-poradi-nego-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
„Се вљубив во воин од племе во Кенија – ги оставив сопругот и децата за него, но направив огромна гр... Додека била на одмор во Кенија, жена од Англија се вљубила во воин од племето Ма...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg