Чекор напред во борбата со пандемијата: Вакцината за корона вирус на Оксфорд е безбедна и поттикнува антитела

Во период кога многу стручни лица велат дека вакцината е единствениот спас за ставање крај на пандемијата со корона вирусот, оваа вест доаѓа како позитивна за многумина.

chekor-napred-vo-borbata-so-pandemijata-vakcinata-za-korona-virus-na-oksford-e-bezbedna-i-pottiknuva-antitela-01.jpgфото: depositphotos.com

Според BBC, вакцината против корона вирус која ја развива Оксфордскиот Универзитет во оваа почетна фаза се покажала како безбедна и поттикнува имунолошки одговор, односно создава антитела.

Во тестирањата кои вклучуваа 1077 луѓе кои ја примија тест вакцината, се покажало дека кај нив се создале антитела и Т-келии (еден вид на бели крвни зрнца) кои се борат против корона вирусот.

Иако многумина се радуваат на оваа вест која влева надеж во овие тешки времиња, сепак е уште рано да се каже дека вакцината нуди 100% заштита против корона вирусот и во наредниот период следат уште фази за тестирање на истата.

Станува збор за вакцината ChAdOx1 nCoV-19 која според сознанијата на BBC се развива со неверојатна брзина. Направена е од генетски создаден вирус кој предизвикува обична настинка кај шимпанзата, но е модифицирана така што не може да создаде инфекции кај луѓето и направена е да наликува на корона вирусот.

Вакцината засега се покажала како безбедна, но има несакани ефекти, иако за нив велат дека не се опасни. 70% од оние кои ја примиле вакцината во тестирањето, имале главоболка или температура, но според научниците ова се решавало со парацетамол.

Според професорката Сара Гилберт од Унивезитетот Оксфорд, има уште многу работа пред да може да се потврди дека оваа вакцина ќе помогне да се справиме со ковид-19 пандемијата, но овие првични резултати даваат надеж.

Во следната фаза од тестирањето ќе бидат вклучени 10.000 луѓе, а треба допрва да се открие дали вакцината спречува да се заразите или ги намалува симптомите на ковид-19.

Се очекува до крајот на годината да се знае дали вакцината е целосно ефективна, но нема да биде достапна насекаде, а владата на Велика Британија веќе има нарачано 100 милиони дози од неа. Останува да видиме што ќе се случува во наредниот период и како ќе се развиваат тестирањата и испитувањата.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи...
Листа на најбезбедните и најопасните држави во светот (Македонија е речиси на истата позиција како л... Исланд се смета за најбезбедна држава во светот, додека Македонија е на 38-то ме...
„Бев во 9-тиот месец од бременоста кога дознав дека имам ХИВ – син ми и сопругот не се заразени“ Млада мајка од Англија дознала дека има ХИВ додека била бремена. Иако на почеток...
„Имам отечени дланки поради ретко нарушување – веќе не можам да ја користам десната, а болеста напре... Млада Американка има ретко нарушување кое е забележано кај само 200 луѓе во цели...
„Бев професионален кечер со огромни мускули и тежев 127 килограми - сега сум среќна транс жена“ (фот... Габи Туфт била кечер со импресивна кариера. Но, за време на пандемијата почнала ...
Може ли да се најдат телата на починатите во „Титан“ + Вработен во 2018-та добил отказ, откако изјав... Уште во 2018-та година поранешен вработен на OceanGate предупредил дека може да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg