Најлошата снежна бура во Шпанија во последните 50 години, низ фотографии
- Детали
- недела, 10 јануари 2021
Деновиве Шпанија ја погоди снежна бура каква што немало во последните 50 години, а еден од најпогодените градови е Мадрид, каде што има рекордни врнежи на снег.
Снежната бура во Шпанија го закочи скоро целиот сообраќај и зароби илјадници луѓе во автомобилите, на аеродромите и на железничките станици. Пожарникарите веднаш започнале акција за спасување на луѓето кои се заглавени во автомобилите, а во некои делови од државата, и војската е вклучена во расчистувањето на патиштата.
Метеоролозите очекуваат драстично снижување на температурите после бурата, а ова може да предизвика дополнителни проблеми, бидејќи сиот снег ќе се претвори во мраз.
Властите даваат сè од себе за да ја стават ситуацијата под контрола, а во меѓувреме, граѓаните решиле да го извлечат најдоброто од бурата. Мадрид изгледа нереално под огромната снежна покривка и социјалните мрежи се преплавени со фотки и видеа од локалните жители.
Како изгледа Мадрид после суровата снежна бура:
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





