Вирално видео од Украина го расплака светот: Мајка со солзи во очите ја прегрнува жената која ѝ ги пренела децата преку граница

Мајката била надвор од земјата кога почнал нападот на Украина, а таткото кој не смеел да ја напушти земјата очајно барал помош од непознати луѓе да ги пренесат неговите малолетни деца преку граница.

viralno-video-od-ukraina-go-rasplaka-svetot-majka-so-solzi-vo-ochite-ja-pregrnuva-zhenata-koja-i-gi-prenela-decata-preku-granica-01.jpgФото: Reuters

Своите возрасни деца морала да ги остави во родната земја, која е погодена со војна, но Наталија Абелејева (58) во саботата ја поминала украинско-унгарската граница, а со себе носела две деца на сосема непозната жена.

Како што раскажува за светските медиуми, пред да ја премине границата таа се запознала со 38-годишниот маж кој со себеси ги носел своите малолетни син и ќерка и очајно барал помош.

Додека граничарите не му дозволувале да ја помине границата заради општата мобилизација во земјата, тој барал некој што ќе му помогне да ги пренесе неговите деца преку границата на безбедно каде ги чекала нивната мајка, Ана Семјук (33).

„Таткото едноставно ми ги предаде децата и ми веруваше дека ќе ги пренесам“ – вели Наталија.

Тој ѝ појаснил дека мајката на децата доаѓала од Италија за да ги земе, ѝ го дал нејзиниот телефонски број и се збогувал со нив.

Наталија, морала зад себе да ги остави своите возрасни деца кои работеле како полицаец и медицинска сестра и не им било дозволено да ја напуштат земјата, но одлучила да му помогне на очајниот маж.

Ја поминале границата, а видеото од мигот кога мајката ги здогледува своите деца и како со солзи во очите ѝ се заблагодарува на непознатата жена за добрината брзо се прошири на социјалните мрежи.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маж од Јужна Кореја бил инженер, па си дал отказ за да патува низ светот и никогаш не се покајал (фо... „Од 2018-та година живеам во куфери. Тоа беше навистина луда одлука, но овој жив...
Брачен пар, кој не сака деца пред да го прошета светот, е мета на осуда: „Прво сакаме да уживаме во ... „Сакаме деца еден ден, но прво сакаме да уживаме во слободата. Не попуштаме под ...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Момче (10) се ожени со својата детска љубов, 12 дена пред таа да почине од леукемија „Повеќето деца сакаат да одат во Дизниленд, но таа отсекогаш сакаше да биде сопр...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Сакам да си најдам маж кој ќе ме финансира, а јас само да си седам дома и да ги чувам децата“ „Се знае - мажот се грижи за жената, а таа се грижи за децата. Мажот со кој ќе б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg