„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“

„Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го покажал никогаш порано - и видов различно презиме од она што ми го кажа. Почнав да пребарувам по собата и најдов телефон. Имаше пораки од деца кои го ословуваа со ‘тато’,“ вели Британка која по 6 години дознала дека нејзината врска била лага.

shest-godini-bev-vo-vrska-so-policaec-na-tajna-zadacha-bil-ispraten-da-me-shpionira-01.jpg

Британска активистка за подобрување на животната средина шест години била во врска со Марк Стоун, полицаец на тајна задача, кој бил испратен да ја шпионира неа и членовите на организацијата во која членувала.

По шест години „љубов“, таа открила дека сè поврзано со него и нивната врска е лага, како што често се случува во филмовите.

На заедничко патување на Алпите, таа случајно дознала дека Стоун не е неговото вистинско презиме, дека е оженет, има деца, а дека таа му била само „мета“, преку која тој успеал да се инфилтрира во нејзиниот свет.

shest-godini-bev-vo-vrska-so-policaec-na-tajna-zadacha-bil-ispraten-da-me-shpionira-07.jpg

Својата приказна Лиса (чиј вистински идентитет не се открива) ја раскажа за Mirror, па признава дека целиот свет ѝ се срушил во моментот кога дознала дека ништо во врска со него не е реално, освен името.

Лиса потоа дознала и дека Марк истовремено се гледал уште десетина жени со истата цел - да извлече информации и да им се приближи на одредени луѓе кои биле во нејзина близина.

Тој бил еден од десетината полицајци испратени на истата тајна задача.

shest-godini-bev-vo-vrska-so-policaec-na-tajna-zadacha-bil-ispraten-da-me-shpionira-02.jpg

„Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Имав чувство дека губам здив, светот ми се руши, а дека планините околу мене тонат.

Случајно го најдов неговиот пасош - не ми го покажал никогаш порано. Сакав да видам како изгледа на фотографијата и тогаш сфатив дека презимето на документот не е Стоун, туку Кенеди.

Се шокирав, па почнав да пребарувам по собата. Тогаш најдов телефон, кој беше скоро празен, но имаше пораки од деца кои го ословуваат со ‘тато’.

Не можеш да си во врска со некој шест години и да не знаеш дека има деца - не е нормално.

shest-godini-bev-vo-vrska-so-policaec-na-tajna-zadacha-bil-ispraten-da-me-shpionira-03.jpg

На почетокот бевме многу заљубени. Не верувам дека можел да глуми толку добро и толку долго. Секако, имаше ситуации кои ми беа чудни, но ги игнорирав, бидејќи го сакав.

Имам пријателка која работеше на проект кој го истражуваше потеклото на луѓе од минатото, па ја замолив да ги провери податоците на Марк. Ми кажа дека е полицаец. Тоа ми го преврте светот наопаку.

Оттогаш веќе ништо не ми е исто, не можам да се опоравам од шокот и предавство што ги доживеав од него“, вели Лиса.

shest-godini-bev-vo-vrska-so-policaec-na-tajna-zadacha-bil-ispraten-da-me-shpionira-05.jpg

Таа подоцна дознала дека Марк низ годините бил во врска и со други жени поради неговата работа, за да добие информации и да се зближи со некои луѓе, а дека дел од тие врски биле во времето додека се гледал со неа.

„Звучи како сценарио од филм, но не е, верувајте“, додала таа.

 А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...

Најчитани неделава