Опседнати сте со ChatGPT, премногу му верувате: Дали страдате од „AI психоза“?

Кои се симптомите на AI психоза?

Симптомите на оваа појава можат да бидат суптилни и некогаш вклучуваат:

  • Невообичаени или параноични мисли
  • Намалена социјализација
  • Промени во спиењето, апетитот и нивото на енергија
  • Чувства на анксиозност и збунетост
  • Запоставување на дневните обврски и рутини
  • Преголемо потпирање на алатки со вештачка интелигенција во секојдневието
  • Отежнато правење разлика помеѓу содржина од вештачка интелигенција и реалноста
  • Силна емоционална поврзаност со алатката со вештачката интелигенција

opsednati-ste-so-chatgpt-premnogu-mu-veruvate-dali-stradate-od-ai-psihoza-06.JPG

Може ли вештачката интелигенција да влијае врз вашите верувања?

Претходно спомнавме дека некогаш чет-ботовите даваат лажни информации. Оваа појава е позната како „AI халуцинации“.

Во овој случај, чет-ботот си измислува лажни информации и ги претставува како точни. Ова е нешто што се случува често и затоа е важно секоја информација што ќе ја добиете од ChatGPT или која било друга алатка да ја проверите и самостојно.

Ако му верувате само на чет-ботот, тогаш ова може да има влијание врз вашите верувања и ставови.

Бидејќи целта на чет-ботот е да продолжите со разговорот, може да почне да ве уверува и дека вашите погрешни верувања се вистинити.

Па, со ова може да заглавите во циклус каде за секој ваш погрешен став, верување или информација не добивате корекција, туку потврда дека сте во право.

opsednati-ste-so-chatgpt-premnogu-mu-veruvate-dali-stradate-od-ai-psihoza-03.JPG

Што ако почнете да забележувате симптоми?

Ако забележите какви било промени во вашата ментална состојба поради користењето алатки со вештачката интелигенција, важно е да делувате.

- Правете пауза од користењето вакви алатки и избегнувајте уреди со екрани

- Не го чувајте телефонот и другите електронски уреди во спалната соба

- Минувајте повеќе време со пријатели, семејство и во активност во реалноста

- Избегнувајте да користите вештачка интелигенција за консултирање или емоционална поддршка

- Побарајте професионална помош

opsednati-ste-so-chatgpt-premnogu-mu-veruvate-dali-stradate-od-ai-psihoza-04.JPG

Можете ли да ја избегнете AI психозата?

Во секој случај, многу подобро е да бидете умерени со алатките со вештачката интелигенција и целосно да ги избегнете потенцијалните проблеми.

- Правете чести паузи од ваквите алатки и минувајте време со луѓе во реалноста

- Потсетувајте се дека чет-ботовите не се луѓе

- Информациите што ги добивате од чет-ботот проверувајте ги сами онлајн или преку други луѓе и извори

- Не го гледајте чет-ботот како извор на точни информации, совети и слично

- Не заборавајте дека AI алатките иако корисни, не заменуваат професионалци

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека мобилните телефони во 2000-тите беа многу „покул“ од модерните смартфони Иако перформансите на ретро мобилните телефони не се ни споредуваат со оние на м...
Мрачната страна на виралниот ChatGPT тренд: „Не знаете каде се складираат вашите податоци и фотки ил... „За помалку од еден час, вештачката интелигенција може да собере доволно податоц...
Мрачната страна на платформата Роблокс, што е хит и кај нас: Киднапирања, педофили, измами за пари Роблокс овозможува корисниците самите да креираат видеоигри, што значи единствен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg