Безжични слушалки и уште пет секојдневни изуми што постојат благодарение на НАСА
Малите камери на смартфоните се технологија што ја развиле инженерите од НАСА – сакале да направат компактни камери со добар квалитет што ќе можат да се користат во вселенските мисии.

Кога се во прашање вселенски патувања, многу луѓе се прашуваат зошто воопшто се реализираат и дали човештвото има некаква корист од нив.
Сепак, вселенските програми чинат милијарди долари и разбирливо е зошто луѓето си ги поставуаат овие прашања.
Но, знаевте ли дека огромен број од изумите што ги користиме секојдневно постојат благодарение на овие мисии?
Шест изуми што ги користиме секојдневно, а ги имаме благодарение на НАСА:
Смартфони со камери
Во развиените земји скоро сите имаат смартфони со камери и овие уреди се дел од нашето секојдневие.
Технологијата што овозможува смартфоните да имаат камери е развиена од НАСА.
Во 1990-тите, научниците од НАСА почнале да развиваат мали камери со добар квалитет кои ќе можат да се користат на вселенските мисии.
Денес оваа технологија не се користи само за камери за смартфони, туку и за безбедносни камери и каде било каде што има потреба од мала, но квалитетна камера.
Мемори пена
За перниците, душеците, па и автомобилските седишта со мемори пена можете да ѝ се заблагодарите на НАСА.
Овој материјал е развиен уште во 1960-тите, со цел да им даде подобра поддршка на астронаутите кога се изложени на голем притисок.
Оригиналната формула бил преработувана и надградувана и по некое време мемори пената станала продукт што го има во многу домови.
Безжични слушалки
Повторно во 1960-тите, научниците од НАСА, во соработка со компанијата IT Labs, направиле безжичен радио систем за потребите на астронаутите.
Користењето слушалки и микрофон со жици претставува дополнителен проблем на вселенските патувања, па безжичниот систем е многу попрактичен.
Со текот на времето, оваа технологија почна да се применува и во комерцијалните слушалки.
ЛЕД светилки
ЛЕД технологијата не е измислена од НАСА, туку од инженер на General Electric во 1962 година.
Но, НАСА има вложено многу пари во истражување и подобрување на технологијата.
НАСА има развиено црвено ЛЕД светло кое се користи за одгледување растенија во вселената, додека на Земјата оваа технологија се користи во медицината.
Системи за прочистување вода
Водата е ограничен ресурс на вселенски патувања.
Па, во 1960-тите, за време на мисиите Аполо, инженерите од НАСА развија систем за прочистување на водата.
На овој начин, астронаутите можеа да ја рециклираат водата во капсулата.
Денес оваа технологија се користи и за прочистување базени.
Куќна изолација
Многу (американски) компании ја прават куќната изолација користејќи технологија на НАСА.
Ова технологија е развиена во 1960-тите, за мисиите Аполо, со цел да се заштитат астронаутите од суровите услови во вселената.
Спирова С. | Црнобело