Електронски уреди за кои дававме цело богатство, но сега само собираат прашина
MP3 плеер, GPS уред, дигитален фотоапарат – сите бевме подготвени да дадеме мало богатство за овие уреди. Но, поради смартфоните, денес само собираат прашина.

Кога првпат се појавија на пазарот, смартфоните ни изгледаа како футуристичка технологија и сите едвај чекавме да си купиме.
Денес ни се неизоставен дел од животот, а токму поради нив, многу парчиња технологија станаа целосно непотребни.
Електронски уреди за кои бевме подготвени да платиме мало богатство, но сега собираат прашина:
GPS уреди
GPS уредите ги гледавме како луксуз и иако некогаш не функционираа како што треба, луѓето беа подготвени да одвојат голема сума за нив.
Денес смартфоните ја имаат оваа функција која работи речиси беспрекорно.
Дигитални камери и фотоапарати
Дигиталните камери направија револуција во фотографирањето и не излегувавме од дома без нив.
Фотографиите ги стававме на компјутер со кабел и овој процес можеше да трае многу долго.
Денес повеќето ги чуваат сите фотографии во нивниот смартфон.
MP3 плеери
MР3 плеерите ги гледавме како иднината на музиката. Моравме внимателно да ги избираме песните што ќе ги ставиме бидејќи бевме многу ограничени со меморија.
А целиот процес на ставање песни и организирање по фолдери траеше со часови.
Сега секоја песна ни е веднаш достапна со апликации како Spotify.
Преносни DVD плеери
Овие уреди беа како статусен симбол бидејќи беа навистина скапи.
Имаа само една функција – на нив можевме да гледаме DVD филмови и апсолутно ништо друго.
Денес, повторно преку нашиот смартфон, имаме пристап до сите платформи.
DVD колекции
Можеби немавме сите преносен DVD плеер, но сите имавме колекција CD-а со филмови.
Кај нас купувањето оригинали беше реткост, но затоа пак симнувавме филмови од интернет, ги снимавме на CD-a, ги потпишувавме и ги организиравме во „албуми“ или пластични кутии.
Безжични фиксни телефони
Пред ерата на смартфоните, мобилни телефони купуваа само луѓето на коишто им требаа за работа.
Сите останати верно си ги користевме фиксните телефони во домот.
Кога, пак, се појавија безжичните модели, направија вистински бум бидејќи конечно имавме приватност и можевме да се затвориме во соба за да разговараме со некој.
Спирова С. | Црнобело