Детски загатки за кои ќе ви треба време да одговорите точно

Одговори:

Што е тоа што можеш да го видиш еднаш во минута, двапати во момент, а ниту еднаш во илјада години?

Буквата М.


Кое тркало не се движи кога автомобилот врти десно?

Резервното.


Не сум жива, но имам 5 прсти. Што сум јас?

Ракавица.


Кој збор е напишан погрешно во речник?

Зборот „погрешно“.


Можеме да убиеме, но и да вдахнеме живот. Можеме да бидеме овошје но и отров. Што сме ние?

Зборови.


Секогаш се простирам меѓу небото и земјата и колку поблиску доаѓаш до мене толку бегам подалеку. Што сум јас?

Хоризонт.


Постојам само кога има светлина, а сепак директната светлина ме убива. Што сум јас?

Сенка.


Секоја вечер добивам наредби и секои утро редовно ги извршувам. Сепак секое утро сите ме критикуваат. Што сум јас?

Аларм.


Постојано се зголемува, и никогаш не се намалува. Што е тоа?

Нашата возраст.


Камион возел кон блиското село и сретнал 4 автомобили. Колку возила вкупно патуваат кон селото?

Само камионот.

М. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Тест на личноста: Изберете еден чадор и откријте која е вашата животна цел Црвен чадор со точки, цветен чадор или син мокар чадор... Што ќе изберете и што ...

Најчитани неделава