Тест по македонски правопис низ 10 примери: Каде се пишува буквата „љ“?

Колку добро го познавате македонскиот правопис? Знаете ли каде треба да стои буквата „љ“, а каде „л“ или „лј“? Тестирајте се низ овие 10 примери.

test-po-makedonski-pravopis-niz-10-primeri-kade-se-pishuva-bukvata-lj-01_copy.jpg

Под влијание на јазиците од соседството, дијалектите, но и честото пишување со латинична тастатура на социјалните мрежи, сите понекогаш имаме проблем со употребата на буквата „љ“.

Тестирајте се низ 10 примери дали точно ја употребувате буквата „љ“, а можеби ќе научите и нешто ново.

1. клуч или кључ;

2. лут пипер или љут пипер

3. беља или белја;

4. детаљи или детали;

5. фитиљи или фитили;

6. рублја или рубља;

7. грклан или гркљан;

8. зеље или зелје;

9. прокел или прокељ;

10. биљбиљ или билбил

Точните одговори се на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Квиз: Колку прашања поврзани со зимата ќе одговорите точно? Кој е најпознатиот зимски карневал во Македонија? A под кое име е познато натпре...
Квиз за експерти: Колку ја познавате Европа (без да гуглате)? Дали Биг Бен е повисок од Ајфелова кула, која земја е позната по полињата со лал...
Квиз: 10 научни прашања што секоја паметна личност треба да ги знае Знаете ли која е главната функција на црвените крвни клетки во организмот? Зн...
Квиз: Колку знаете за македонскиот правопис? Како е правилно – „ќе имам превид“, „ќе имам во предвид“ или, пак, „ќе имам в пр...
Квиз: Погодете ги сите одговори што почнуваат на буквата „З“ Кој македонски бенд ја испеа „Пушти коси“? Како се вика животното со црно-б...
Што значи турцизмот „Калабалак“ во македонскиот јазик? Во македонскиот јазик има доста турцизми, па дали знаете што значи зборот „Калаб...

Најчитани неделава