Тестирајте се низ 10 примери: Дали ја пишувате буквата „ј“ на вистинското место?

Понекогаш буквата „ј“ се употребува со фонетско значење, па таков е случајот кога еднa до друга ќе се најдат самогласките „еаа“. Во овој случај меѓу „е“ и првото „а“ се вметнува фонетското „ј“, па затоа:

1. Успеаја;

Морфолошко „ј“ се јавува во примери за да ја обележи границата меѓу основата на зборот и наставката, па оттука во множинската форма за 3. лице формата ќе биде:

2. Залааја;

Во група од три или повеќе самогласки во непосреден допир, меѓу втората и третата се пишува „ј“, па таков е и случајот со глаголите во 3. Лице минато определено време, па оттука:

3. Знаеја;

4. Миеја;

Во некои случаи согласката „ј“ се јавува и меѓу две „а“, па оттука:

5. Одаја;

Во самогласните групи каде што втората самогласка е „а“ во некои случаи не се пишува буквата „ј“, па оттука:

6. Жнеам;

7. Носеа;

Во седмиот пример повторно треба да се потсетиме за употребата на буквата „ј“ кај формите од 3. Лице минато определено време, па оттука:

8. Броеја;

Во самогласните групи каде што втората самогласка е „а“ во некои случаи не се пишува буквата „ј“, а таков е и случајот со:

9. Греам;

Но, кога три самогласки ќе се најдат во непосреден допир, буквата „ј“ се пишува меѓу втората и третата, па оттука:

10. Баеја.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Учиме за Македонија: Која е втората река по должина во Македонија, по Вардар? Хмм, за Вардар дека е на прво место на сите ни е јасно. Но, која е втората по до...
Квиз: Погодете ги сите одговори што почнуваат на буквата „З“ Кој македонски бенд ја испеа „Пушти коси“? Како се вика животното со црно-б...
Квиз: Погодете ги сите одговори кои почнуваат на буквата „Р“ Кој македонски град е познат како град на јаболката? А како се вика одметникот ш...
Квиз: Дали го познавате македонскиот правопис? Колку согласки има во македонскиот јазик? А, знаете ли кога се пишува апостроф? ...
Квиз: Дали ги правите најчестите правописни грешки? Како е правилно – „прибидејќи“, „бидејќи“ или, пак, и двете? А, дали се пишува „...

Најчитани неделава