Брз тест по правопис  – Каде се пишува буквата „ј“, а каде не?

Според Правописот на македонскиот јазик, точните одговори се:

1. Меѓу одделни самогласки „а и е“ не се пишува „ј“, па оттука:

Сараево;

2. Нефункционално (фонетско) „ј“ се пишува во зборовите каде што ќе се најдат едно по друго 3 самогласки:

Се насмеаја;

3. Идеја (Како претстава, поим за нешто, сфаќање, намера за некоја акција), но и

Идеа (Како мината форма на глаголот „иде“ во трето лице еднина);

4. Во именки што завршуваат на „-ач/-јач“ се пишува буквата „ј“:

Живејачка;

5. Бо 3 лице множина на минатото определено време, се пишува „ј“, па оттука:

Спиеја;

6. Во именки што завршуваат на „-ач/-јач“ се пишува буквата „ј“, па оттука:

Пејачка;

7. Меѓу самогласките „и“ и „а“ се пишува „ј“, па оттука:

Кријам;

8. Во самогласните групи каде што втората самогласка е „а“ во некои случаи не се пишува „ј“, па оттука:

Грејам;

9. Титулата на свештеното лице се пишува со две „ј“, па оттука:

Архијереј;

10. Меѓу две „а“ се пишува буквата „ј“, па оттука:

Залаја куче.

Б. С. Б. | Црнобело / фото: freepik.com



Би можело да ве интересира:

Квиз: Погодете ги сите одговори што почнуваат на буквата „З“ Кој македонски бенд ја испеа „Пушти коси“? Како се вика животното со црно-б...
Квиз: Погодете ги сите одговори кои почнуваат на буквата „Р“ Кој македонски град е познат како град на јаболката? А како се вика одметникот ш...
Квиз: Дали ги правите најчестите правописни грешки? Како е правилно – „прибидејќи“, „бидејќи“ или, пак, и двете? А, дали се пишува „...
Квиз: Дали го познавате македонскиот правопис? Колку согласки има во македонскиот јазик? А, знаете ли кога се пишува апостроф? ...

Најчитани неделава