Тест низ 10 прашања: Знаете ли каде се користи надреден знак во македонскиот јазик?

Знаете ли точно каде се употребува надредниот знак (`) во македонскиот јазик? 

znaete-li-kade-se-pishuva-nadreden-znak-vo-makedonskiot-jazik-odgovorete-na-10-prashanja-i-proverete-01.jpg

Под влијание на честата употреба на компјутери и електронски уреди, денес сè почесто се случува луѓето да ја избегнуваат употребата на надредниот знак. Знаете ли каде треба да го употребувате?

Тоа не е само обична цртичка, туку надредниот знак (`) е правописен знак што се користи во македонскиот стандарден јазик.

Во продолжение ве тестираме со 10 брзи прашања - како е точно?

1. Сè што сакав да ти кажам или Се што сакав да ти кажам;

2. Нас не нè викнаа или Нас нè не викнаа;

3. Мајка ѝ и рече или Мајка ѝ ѝ рече;

4. Ќерка и отиде во училиште или Ќерка ѝ отиде во училиште;

5. Не е злато се што сјае или Не е злато сè што сјае;

6. Сè уште помнам како се смеевме или Се уште помнам како сè смеевме

7. Нам ништо не ни рекоа или Нам ништо не нѝ рекоа;

8. Ништо не ѝ рече или Ништо не и рече

9. Не и дозволи да зборува или Не ѝ дозволи да зборува;

10. Татко и ја викна дома или Татко ѝ ја викна дома.

Точните одговори проверете ги на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Квиз: Прашања за човечкото тело што мора да ги знаете (од општа култура) Знаете ли каде се формираат црвените крвни зрнца или преку кој орган се храни бе...
Литературен квиз: 10 прашања за страсни читатели Знаете ли во кој период е сместено дејството на „Македонска крвава свадба“? А, н...
Квиз: 8 тешки прашања за кои сигурно ќе ви треба (малку) помош Знаете ли со кој договор и формално се означил крајот на Првата светска војна? ...
Квиз: 10 научни прашања што секоја паметна личност треба да ги знае Знаете ли која е главната функција на црвените крвни клетки во организмот? Зн...
Квиз: 10 (потешки) медицински прашања за сезнајковци Знаете ли што се егзема и ешерихија коли? Знаете ли каде се наоѓа штитната жлезд...
Квиз за експерти: Колку ја познавате Европа (без да гуглате)? Дали Биг Бен е повисок од Ајфелова кула, која земја е позната по полињата со лал...

Најчитани неделава