Тест низ 10 прашања: Знаете ли каде се користи надреден знак во македонскиот јазик?

Надреден знак се пишува само во три случаи:

- над самогласката „е“ во кратката заменска форма од „нас нè“, за да се разликува од негацијата „не“.

- над самогласката „е“ во прилогот „сè“, за да се разликува од кратката заменска форма од повратната заменка „себе се“ која често ја употребуваме со повратните глаголи; како и од помошниот глагол сум во трето лице множина (тие се).

- над самогласката „и“ кај кратката заменска форма од „нејзе ѝ“ за да се разликува од сврзникот „и“.

Оттука решенијата на десетте прашања се:

1. Сè што сакав да ти кажам;

2. Нас не нè викнаа;

3. Мајка ѝ ѝ рече;

4. Ќерка ѝ отиде во училиште;

5. Не е злато сè што сјае;

6. Сè уште помнам како се смеевме;

7. Нам ништо не ни рекоа;

8. Ништо не ѝ рече;

9. Не ѝ дозволи да зборува;

10. Татко ѝ ја викна дома.

Б. С. Б. | Црнобело/ фото: depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

Квиз: Прашања за човечкото тело што мора да ги знаете (од општа култура) Знаете ли каде се формираат црвените крвни зрнца или преку кој орган се храни бе...
Литературен квиз: 10 прашања за страсни читатели Знаете ли во кој период е сместено дејството на „Македонска крвава свадба“? А, н...
Квиз: 8 тешки прашања за кои сигурно ќе ви треба (малку) помош Знаете ли со кој договор и формално се означил крајот на Првата светска војна? ...
Квиз: 10 научни прашања што секоја паметна личност треба да ги знае Знаете ли која е главната функција на црвените крвни клетки во организмот? Зн...
Квиз: 10 (потешки) медицински прашања за сезнајковци Знаете ли што се егзема и ешерихија коли? Знаете ли каде се наоѓа штитната жлезд...
Квиз за експерти: Колку ја познавате Европа (без да гуглате)? Дали Биг Бен е повисок од Ајфелова кула, која земја е позната по полињата со лал...

Најчитани неделава