Тестирајте се колку го познавате правописот на македонскиот јазик низ 10 кратки прашања

Во продолжение потсетете се на правилата за одделно и слеано пишување на зборовите преку конкретните примери и проверете колку од вашите одговори биле точни.

1. Во суперлативната форма на придавките кои почнуваат на –ј доаѓа до удвојување на самогласката –ј, па така:

Најјужен дел;

2. Често збунува тоа што кај некои изведенки преземени од странските јазици се користи слеано пишување, цртичка меѓу двата збора или одвоено пишување.

Според македонскиот правопис еднопоимските сложени именки со прва компонента туѓојазична основа што атрибутски го дополнува значењето на втората компонента се пишуваат споено, како репроматеријали, фотоаматер, фотоапарат, но и:

Фотокопија;

3. Сложените прилози се пишуваат слеано. Дополнително, во случајов е потребно да се направи и едначење по звучност, па оттука точниот одговор е:

Отстрана;

4. Кратките заменски форми зад именките со роднинско заначење се пишуваат одвоено, па оттука:

Мајка ми;

5. Релативните заменки (којшто, којашто, коешто, коишто) се пишуваат слеано, па оттука:

Коешто;

6. Полусложените именки во кои првиот дел го надополнува вториот се пишуваат со цртичка, па оттука:

Визит-карта;

7. Честичките по- и нај- кај прилозите се пишуваат слеано, па оттука:

Помалку;

8. Негацијата на глаголот се пишува одвоено па оттука:

Не смее;

9. Негацијата на глаголската придавка се пишува одвоено, па оттука:

Не сакајќи;

10. Слеано се пишуваат и зборовите чија втора компонента е -пат, -пати, па оттука.

Повеќепати.

 Б. С. Б. | Црнобело

фото: depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

Литературен квиз: 10 прашања за страсни читатели Знаете ли во кој период е сместено дејството на „Македонска крвава свадба“? А, н...
Квиз за експерти: Колку ја познавате Европа (без да гуглате)? Дали Биг Бен е повисок од Ајфелова кула, која земја е позната по полињата со лал...
Квиз: Дали го познавате македонскиот правопис? Колку согласки има во македонскиот јазик? А, знаете ли кога се пишува апостроф? ...
Квиз: Колку прашања поврзани со зимата ќе одговорите точно? Кој е најпознатиот зимски карневал во Македонија? A под кое име е познато натпре...
Географски квиз со броеви: Колку прашања ќе одговорите без Гугл? Знаете ли колку океани има на Земјата или колку ѕвезди има на знамето на Европск...
Квиз: Колку ги помните бајките од детството? Се сеќавате ли што морала да направи Пепелашка пред да може да оди на балот? А, ...

Најчитани неделава