Квиз: Дали правилно ги користите заменките во македонскиот јазик?

Мора да признаеме дека заменките се едни од најпроблематичните зборови во македонскиот јазик. Под влијание на големиот број дијалекти, кога станува збор за оваа група зборови со проблеми се соочуваат речиси сите.

kviz-dali-pravilno-gi-koristite-zamenkite-vo-makedonskiot-jazik-01.jpg

Заменките во македонскиот јазик се менлива група на зборови кои се користат за означување или посочување на предмети, суштества или појави.

Тие се ограничена група зборови, но се од големо значење во системот на јазикот. Разликуваме три вида заменки: лични, лично-предметни и показни.

Се чини дека во секојдневната употреба најголем проблем се јавува при употребата на заменските форми за директен и индиректен предмет, но и кај релативната заменка кој, што и којшто.

Погледнете колку добро се снаоѓате вие со правилната употреба на заменките:

Дали правилно ги користите заменките во македонскиот јазик?
  1. 1.
    Нејзе ѝ одговорив на пораката
    На неа ѝ одговорам на пораката
  2. 2.
    На него му дадов пари
    Нему му дадов пари
  3. 3.
    Венеција е град кој треба да се посети во пролет
    Венеција е град што треба да се посети во пролет
  4. 4.
    Нам ни пишаа за проблемот
    Нас ни пишаа за проблемот
  5. 5.
    Фустанот кој го носев на роденденот ми е омилен
    Фустанот што го носев на роденденот ми е омилен
  6. 6.
    Ним ќе им испееме песна
    На нив ќе им испееме песна
  7. 7.
    Човекот на кого му реков
    Човекот кому му реков
  8. 8.
    Илустрацијата, којашто е пред вас, покажува...
    Илустрацијата, која е пред вас, покажува...
  9. 9.
    Колегата на кого му рекоа да оди кај директорот
    Колегата кому му рекоа да оди кај директорот
  10. 10.
    Нему му се додворува
    На него му се додворува

 Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Квиз: Дали го познавате македонскиот правопис? Колку согласки има во македонскиот јазик? А, знаете ли кога се пишува апостроф? ...
Квиз: Колку знаете за македонскиот правопис? Како е правилно – „ќе имам превид“, „ќе имам во предвид“ или, пак, „ќе имам в пр...
Што значи турцизмот „Калабалак“ во македонскиот јазик? Во македонскиот јазик има доста турцизми, па дали знаете што значи зборот „Калаб...
Квиз: Погодете го значењето на зборовите на грчки јазик Знаете ли што значи „efharistó“ или, пак, „ne“? Знаете ли дел од основните зборо...
Квиз: Дали ги правите најчестите правописни грешки? Како е правилно – „прибидејќи“, „бидејќи“ или, пак, и двете? А, дали се пишува „...
Квиз: Ќе ги препознаете ли лажните географски факти? Што мислите, дали во Европа има пустина? А, дали Индонезија е земјата со најмног...

Најчитани неделава