Брз тест по македонски јазик: Каде треба, а каде не треба да ја пишуваме буквата „ј“?

brz-test-po-makedonski-jazik-kade-treba-a-kade-ne-treba-da-ja-pishuvame-bukvata-j-02.jpg

1. Буквата „ј“ се пишува во суфиксот –ји, како во примерите: божји, кравји, рибји, но, постои исклучок кај придавките: волчи (волчо) и овчи (овчо), па оттука:

волчи (заби);

2. Кога една до друга во зборот ќе се најдат самогласките И и А, тогаш задолжително се пишува буквата „ј“, па оттука:

материја;

3. и 4. Кога една до друга во зборот ќе се најдат самогласките Е и А, тогаш задолжително се пишува буквата „ј“, па оттука:

Алеја на великаните и грејач;

5. и 6. Кога во зборот ќе се најдат три или повеќе самогласки една до друга, меѓу втората и третата се пишува буквата „ј“, па оттука:

досиеја, пееја;

7. Во минато определено свршено време пред буквата А се пишува „ј“, па оттука:

се покаја;

8. и 9. Постојат повеќе исклучоци за пишувањето на буквата „ј“ помеѓу самогласните букви, па така буквата не се пишува во следните примери:

Греам, свиок;

10. Исто така „ј“ не се пишува кај придавките што завршуваат на –ски, а се изведени од именки на –ија, па оттука:

азиски.

 Б. С. Б. | Црнобело

фото: depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

Литературен квиз: 10 прашања за страсни читатели Знаете ли во кој период е сместено дејството на „Македонска крвава свадба“? А, н...
Квиз за експерти: Колку ја познавате Европа (без да гуглате)? Дали Биг Бен е повисок од Ајфелова кула, која земја е позната по полињата со лал...
Квиз: Колку прашања поврзани со зимата ќе одговорите точно? Кој е најпознатиот зимски карневал во Македонија? A под кое име е познато натпре...
Географски квиз со броеви: Колку прашања ќе одговорите без Гугл? Знаете ли колку океани има на Земјата или колку ѕвезди има на знамето на Европск...
Квиз: Дали го познавате македонскиот правопис? Колку согласки има во македонскиот јазик? А, знаете ли кога се пишува апостроф? ...
Квиз: Знаете ли да се снајдете на картата на Македонија – колку ќе погодите? Ќе препознаете ли 6 различни поими обележани на картата на Македонија - реки, гр...

Најчитани неделава