Брз тест по македонски јазик - Дали правилно ги употребувате формите за множина?

Македонскиот јазик има 3 вида множина, па се чини дека оттаму потекнуваат сите проблеми. Ако на ова се додадат и дијалектите, тогаш настанува вистински проблем.

brz-test-po-makedonski-jazik-dali-pravilno-gi-upotrebuvate-formite-za-mnozhina-01.jpg

Дали сте се нашле во ситуација да размислувате како треба правилно да напишете некои зборови во форма за множина?

Македонскиот јазик има три вида множина: обична, избројана и збирна. Обичната и збирната множина ја имаат именките од сите три рода, а избројаната е карактеристична само за именките од машки род кои во еднина завршуваат на согласка.

Со овој брз тест се обидовме да издвоиме некои од клучните општи именки кај кои настануваат проблеми во образувањето на формите во множина и каде што најчесто се прават грешки.

Тестирајте се дали добро се снаоѓате со формите за множина?

1. Јаболки или јаболка;

2. два листа од тетратка или два листови од тетратка;

3. ножеви или ножови;

4. два клуча или два клучеви;

5. четири мостови или четири моста;

6. многу коњови или многу коњи;

7. Имам два синови или Имам два сина;

8. Купи 5 сладоледи или купи 5 сладоледа;

9. Во шумата растат листопадни дрва или Во шумата растат листопадни дрвја;

10. Луѓето со големи носеви или Луѓето со големи носови

Одговорите се на следната страна:



Би можело да ве интересира:

Квиз: 8 тешки прашања за кои сигурно ќе ви треба (малку) помош Знаете ли со кој договор и формално се означил крајот на Првата светска војна? ...
Квиз: Прашања за човечкото тело што мора да ги знаете (од општа култура) Знаете ли каде се формираат црвените крвни зрнца или преку кој орган се храни бе...
Квиз за сезнајковци: Кои факти се точни, а кои погрешни? Што мислите, дали првиот Кока-кола пијалак имал зелена боја? А, дали ТикТок пост...
Квиз: 10 историски прашања кои е срамота да не ги знаете Кој настан го означил почетокот на Првата светска војна? А што бил Винстон Черчи...
Квиз: 10 прашања чии одговори мора да ги знаете Во која книга се појавува ликот Санчо Панса? Што значи „www“ во адресите на инте...
Квиз: 10 (потешки) медицински прашања за сезнајковци Знаете ли што се егзема и ешерихија коли? Знаете ли каде се наоѓа штитната жлезд...

Најчитани неделава