Брз тест по македонски јазик - Дали треба мала или голема буква?

1. Месеците се пишуваат со мала почетна буква затоа што тоа се општи именки, па така ќе биде:

јануари;

2. И деновите во неделата се со мала почетна буква – значи:

понеделник;

3. Жител на држава (на секоја држава) се пишува со голема почетна буква и правилно е:

Македонец;

4. Општините или градовите, чие име им е составено од два дела, и двата збора им се пишуваат со голема почетна буква и ќе биде:

Кисела Вода;

5. Празниците, кои спаѓаат во лични именки, имаат поинакви правила од општите именки, па така овојпат месецот се пишува со голема буква:

11 Октомври;

6. Име на социјална мрежа се пишува со голема почетна буква и се пишува:

Инстаграм. (Тоа важи и за Фејсбук);

7. Во овој случај, правилно е:

Министерство за култура, со мала;

8. Придавките во македонскиот јазик се пишуваат со мала почетна буква, па така треба:

скопски говор;

9. Честичките во овие презимиња се пишуваат со мала почетна пуква, односно треба:

Леонардо ди Каприо;

10. Празникот заврши и ќе чекаме пролет, но за да научиме како да честитаме и следната година, треба да знаеме дека зборот „година“ се пишува со мала буква:

Нова година.

Колку погодивте?

M. Л. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Квиз по хемија: Ако сте имале 5-ка не смеете да згрешите ниедно прашање Кој хемичар го создал периодниот систем на елементи? А што опишува pH вредноста ...
Литературен квиз: 10 прашања за страсни читатели Знаете ли во кој период е сместено дејството на „Македонска крвава свадба“? А, н...
Квиз: 8 тешки прашања за кои сигурно ќе ви треба (малку) помош Знаете ли со кој договор и формално се означил крајот на Првата светска војна? ...
Квиз: Прашања за деца што треба да знае да ги одговори секој возрасен Умеете ли брзо да решите едноставни загатки за деца? Секој зрел возрасен човек б...
Квиз: Колку прашања поврзани со зимата ќе одговорите точно? Кој е најпознатиот зимски карневал во Македонија? A под кое име е познато натпре...
Квиз: 8 прашања на кои секој возрасен треба да знае да одговори Инфлација е намалување на куповната моќ на парите, зголемување на куповната моќ ...

Најчитани неделава