Брз тест по македонски јазик – Каде се пишува „ј“, а каде не?

Меѓу самогласките „е“ и „а“ во литературни заемки задолжително се пишува буквата „ј“, па оттука:

1. пејач;

2. грејач;

Во група од три или повеќе самогласки во непосреден допир, меѓу втората и третата се пишува ј, па оттука:

3. се смееја;

4. успеаја;

5. испеаја;

Меѓу две самогласки, ако е втората „и“, тогаш не се пишува „ј“, па оттука:

6. идеи;

Меѓу одделни самогласки: „ае“, „ое“ не се пишува „ј“, па оттука:

7. чаеви

Пред наставката „-ец“ кај именските образувања изведени од имиња што завршуваат на „-ија“ и „–еја“, не се пишува „ј“, па оттука:

8. Индиец;

Во самогласните групи каде што втората самогласка е „а“, не се пишува „ј“, па оттука:

9. делеа сендвичи;

Во самогласните групи каде што втората самогласка е „а“ во некои случаи не се пишува буквата „ј“, па оттука:

10. веам знаме.

 Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Литературен квиз: 10 прашања за страсни читатели Знаете ли во кој период е сместено дејството на „Македонска крвава свадба“? А, н...
Учиме за Македонија: Која е втората река по должина во Македонија, по Вардар? Хмм, за Вардар дека е на прво место на сите ни е јасно. Но, која е втората по до...
Квиз за експерти: Колку ја познавате Европа (без да гуглате)? Дали Биг Бен е повисок од Ајфелова кула, која земја е позната по полињата со лал...
Квиз: Дали го познавате македонскиот правопис? Колку согласки има во македонскиот јазик? А, знаете ли кога се пишува апостроф? ...
Квиз: 10 научни прашања што секоја паметна личност треба да ги знае Знаете ли која е главната функција на црвените крвни клетки во организмот? Зн...
Квиз: Колку знаете за македонскиот правопис? Како е правилно – „ќе имам превид“, „ќе имам во предвид“ или, пак, „ќе имам в пр...

Најчитани неделава